Таг: лига на шампиони

ТОП 10 голови во Лигата на шампионите сезонава

Кристијано Роналдо, Иван Ракитиќ, Лионел Меси, Луис Суарез, Марко Ројс, Карим Бензема, Роберт Левандовски и Венсан Абубакар се стрелци на најубавите 10 голови во Лигата на шампионите сезонава.

Утеха од 100 милиони евра за Јуве

Со поразот од Барселона во финалето на ЛШ, актуелниот италијански шампион стана рекордер по најмногу загубени финалиња во елитното натпреварување, но сезонава заработи најмногу.

Барселона се искачи на европскиот трон

По освојувањето на Примера и Копа дел Реј, фудбалерите на Барселона со тројна круна ја заокружија перфектната сезона. Големата победа во Берлин ја запечатија Ракитиќ, Суарез и Нејмар, а неизвесност за момент на мечот донесе Мората.

Освојуваа Златна топка, но не и Лига на шампиони

Фудбалската епоха памети 10 фудбалери кои ја добија наградата за најдобар играч на светот, но никогаш не го кренаа престижниот трофеј од елитната Лига на шампиони.

Анчелоти преку Твитер ја соопшти одлуката за Милан

Трофејниот тренер реши да одмори од фудбалската игра и ја одби понудата на клубот со кои за осум години освои неколку трофеи. На Карлито му следува операција на грбот, после која не знае колку ќе се опоравува.

Фудбалерите на Јувентус издишале од трчање за финале

Италијанскиот шампион има дури шестмина играчи меѓу десетмината фудбалери кои сезонава истрчале најмногу километри во Лигата на шампионите. Барселона немале потреба од толку трчање.

Лацио - Рома од навивачки агол

Големото градско дерби на Рим ниту овој пат не помина без проблеми. Пред и после натпреварот навивачите на двата клуба се судрија околу Олимпико, а двајца навивачи на Рома се избодени со нож.

Кладилничарски грижи после Јувентус - Реал Мадрид

Смешниов лик веќе неколку пати го намонтираа со превод за разни актуелни случувања во Македонија, а на Србите им текна да направат мајтап откако Јуве го елиминираше Реал во Лига на шампиони. 

Денот кога омилениот играч на Берлускони ја матираше Барса

Со неколку измени во екипата, дон Фабио Капело го размонтира тогашниот Дрим тим на Барселона во Атина и на Милан му ја донесе европската круна. Ништо немаше да биде исто без Дејан Савичевиќ.

Финалистите незадоволни од бројот на карти за навивачите

Управите на италијанскиот и шпанскиот клуб објавија дека не се согласни со одлуката на УЕФА 24.500 карти за финалето од ЛШ во Берлин да одат кај спонзорите и членовите на УЕФА.

Фудбалот не е секогаш само за тие што имаат најмногу пари

Пласманот на Јувентус во финалето од Лигата на шампионите каде ќе игра против Барселона, е доказ дека финансиите не се сè во фудбалот. 

Последниот свиреж во Мадрид од гостински сектор

Навивачите на Јувентус после цели 12 години повторно ќе го гледаат својот тим во финале на Лигата на шампионите. Тоа беше доволна причина да побудалат од радост.

Мората го шокираше Мадрид, Јуве оди во финале

По речиси веќе загубената титула во домашното првенство, заврши оваа сезона приказната за фудбалерите на Реал Мадрид и во Лигата на шампионите. На 6 јуни во Берлин во финале ќе гледаме Барселона - Јувентус.

Сите полуфинални вечери на Старата дама

Во последните 20 години, Бјанконерите пет пати играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во сеќавање останаа дуелите со Реал Мадрид и Ајакс, а незаборавен е и болниот пораз од Јунајтед во сезоната 1998/99.

Победа за Баерн, финале за Барселона

Фудбалерите на Баерн Минхен со пресврт во второто полувреме славеа на реванш полуфиналниот дуел со 3:2. Резултат кој не им беше доволен за финале, откако првата битка на Камп Ноу ја загубија со 3:0.

Германска упорност или каталонски печат?

Ретко кој му дава шанси на Баерн Минхен по убедливиот пораз од Барселона во првиот меч, но Пеп Гвардиола уште не се откажал. Барса нема примено гол на последните 8 натпревари, а Баерн даде 13 на двете последни средби од ЛШ во Минхен.

Мртва трка за Лига на шампиони во Серија А

Рома, Лацио и Наполи се трите екипи кои ќе го направат најинтересен финишот во италијанскиот фудбалски шампионат во кој Јувентус не даде простор за неизвесност во трката за шампионската титула.

Сите потези на Меси против Баерн во ХД

Фудбалерите на Барса стигнаа до капитална предност пред реваншот со Баерн Минхен, а главен „виновник“ за тоа е Лионел Меси. Вчера си поигруваше со одбраната на Баварците, а најмногу го изработи Жером Боатенг.

Меси ја носи Барса во Берлин

Со головите и асистенциите на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Барселона го совлада Баерн Минхен 3:0 и мирно ќе патува на реваншот во Минхен за осум дена.

Барселона бара одмазда за седумката од 2013-та

„Тие можеби го знаат мојот начин на размислување, но не го знаат на моите играчи“, изјави Гвардиола пред вечерашниот меч Барса - Баерн на Камп Ноу. Каталонците дадоа 14 голови на последните две средби.

Шест години од норвешкиот грабеж на Стемфорд Бриџ

На 6. мај 2009 година, норвешкиот судија Том Хенинг Овребо не досуди шест очигледни пенали за Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Играчите го напаѓаа, УЕФА го казни, а навивачи и ден денес му праќаат заканувачки мејлови дека ќе го убијат.

Мајтапот со Реал на социјалните мрежи

Големата победа на Јувентус против Реал Мадрид вчера ги запали социјалните мрежи. Твитер и Фејсбук беа преполни со досетливи шеги на сметка на Кралскиот клуб, а најмногу го кркаа Роналдо и Серхио Рамос.

Јувентус го матираше кралот

Со головите на Алваро Мората и Карлос Тевез, Јувентус вечерва го победи Реал Мадрид 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето на ЛШ. Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Буфон за надеж на Мадриѓаните пред реваншот.

Битка на великани во Торино

Во првото полуфинале од Лигата на шампионите, актуелниот италијански првак вечерва ќе го пречека Реал Мадрид. Двете екипи тежат вкупно 20 финалиња во европските натпреварувања.