Меси ја носи Барса во Берлин

Со головите и асистенциите на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Барселона го совлада Баерн Минхен 3:0 и мирно ќе патува на реваншот во Минхен за осум дена.

Дуелот на четирикратниот со петкратниот првак го одлучи Аргентинецот Лео Меси. Фудбалскиот класик ги оправда очекувањата, иако головите паднаа во самиот финиш. Баерн Минхен на 15 минути до крајот имаше активен резултат и тогаш на сцена стапи Меси.

Барселона имаше повеќе од играта и шансите во првиот дел, но Мануел Ноер успешно се справи со обидите на Нејмар и Суарез. Првиот дел заврши без голови, иако многу лесно и Баварците можеа да го отворат резултатот преку Левандовски кој проушти идеална прилика во противничкиот петерец.

Чудесните одбрани на Ноер:

Вториот дел започна како и првиот, во знак на домаќинот кој имаше иницијатива, а головите стигнаа на 15 минути пред крајот. Првиот гол беше дело на Меси, кој ја погоди мрежата со шут од аголот на 16 метри пред голот на Ноер. Вториот погодок, вистинско ремек дело на Меси кој помина неколку противнички играчи за да со прекрасен лоб го принуди Ноер да ја вади топката од својот гол.

Голготата на Баерн ја продолжи Нејмар во самиот финиш, во 93. минута од мечот кога зголеми на 3:0 и го стави германскиот гигант пред невозможна мисија пред реваншот.

Мајсториите на Меси за 3:0 пред реваншот во Минхен: