Лигата на шампионите донесе неколку изненадувачки успеси изминативе години и поради тоа прогресот на Јувентус во финалето од ЛШ на сметка на Реал Мадрид, не треба да дојде како голем шок.
Старата Дама не е без скршен денар и со нејзиниот статус како најголем клуб во Италија се зајакна оваа сезона со уште една титула во Серија А. Посетата во Берлин во јуни ќе им биде осмо финале, не прво.
Постојаното проширување на јазот меѓу најбогатите диктира дека секој неуспех за една од екипите на Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид станува огромна приказна за анализа.
Од 2008 година ниту едно финале во ЛШ не мина без еден од финалистите да биде некој меѓу Барса, Баерн или Реал, додека сите три беа полуфиналисти на три од последните четири сезони. Барселона само еднаш не успеа да се пласира во топ 4 во последните 8 години, а тоа беше кога во 2007 година беше елиминирана од Ливерпул.
Нема сомневање дека финансиските услови кои беа воведени во последните години се многу корисни за традиционалните центри на моќ, со непроменета шминка од Лигата на шампионите, која секоја година зборува дека начинот на природниот ред на нештата е зајакнат.
Во 2010 година Интер го освои трофејот, додека Шалке една година претходно стигна до полуфинале. Потоа се појави Борусија Дортмунд која во 2013-та стигна до финале, а следната година исто нешто направи и Атлетико Мадрид.
Ако Јувентус во 2003 година имаше рамномерна битка во поглед на економската моќ, кога се сретна со Реал на патот до финале, сега не беше така. Кралевите имаат 835 милиони евра повеќе приходи од Јуве во последниве три сезони.
Вредноста на Реал Мадрид изнесува 3,1 милијарди евра, четири пати повеќе од Јувентус кој вреди 774 милиони евра. Првите 11 играчи од Бернабе изнесуваат 425,5 милиони евра, а оние на Јуве 128,8 милиони евра.
Сите предвидувања водеа на победа на Реал Мадрид, но успехот на Јувентус дава фудбалска надеж. Тоа покажува зошто спортот сè уште има иднина. Ако успехот на богатите беше неминовен заклучок, остатокот ќе имаат причина да се спакуваат и да си одат дома.
Но кога Масимилијано Алегри и Бјанконерите ќе заминат на Олимпискиот стадион во Берлин на 6 јуни, тие нема да играат само за навивачите на Јувентус, не само за Италија, но и за поголемиот дел од европскиот фудбал. Тие докажуваат дека оваа игра не е секогаш само за тие кои имаат најмногу пари.
Јуве, како и Атлетико, Дортмунд и Шалке пред нив прават сонот да биде реалност.
Извор: goal.com