Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Препознатливиот термин за ЛШ од 20:45 оди во историјата и ќе биде заменет со два термини, што значи дека ќе имаме можност да гледаме повеќе фудбал. Убавини. Новите правила им одат во прилог на Италијанците кои повторно ќе имаат 4 претставници во елитата.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Три години во низа освојувачи на трофеите во ЛШ и ЛЕ се шпански екипи, па сега вие видете колку е доминантен шпанскиот фудбал во Европа. Групната фаза неделава беше заокружена и во двете клупски натпреварувања Шпанците не сакаат да чујат за елиминација.
Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.
Дуелот меѓу Динамо Киев и Бешикташ го донесе најнеочекуваниот резултат во првата ноќ од 6. коло во ЛШ. Домаќините не беа во игра ниту за трето место, но ги потопија Турците 6:0 и ги пратија во ЛЕ, каде пласман обезбедија и Лудогорец и Ростов.
Дава голови во сите натпреварувања каде што игра Реал Мадрид, а навивачите носат дресови со неговото презиме и броевите 92:48, моментот кога Серхио Рамос даде гол против Атлетико во финалето на ЛШ во 2014-та во Лисабон и обезбеди продолженија.
Вторник и среда се резервирани за последното 6. коло од групната фаза во ЛШ. 12 места се веќе пополнети за нокаут фазата во февруари, а за преостанатите 4 ќе се борат 7 екипи. Тоа се: Бенфика, Наполи, Бешикташ, Порто, Копенхаген, Лион и Севиља.
Даглас Рос, еден од подобрите шкотски линиски судии, кој беше помошник на мечот Спортинг Лисабон - Реал Мадрид во вторникот, би можел да го загуби пратеничкото место во Парламентот затоа што пропуштил важна седница.
Фудбалот останува без една од најголемите легенди во историјата. Големиот капитен Стивен Џерард денес ја затвори книгата од неговата фудбалска кариера.
Во 30. минута Бенфика имаше 0:3 против Бешикташ а во 89. на семафорот стоеше 3:3. Ченк Тосун даде страшен гол со ножички, Баерн Минхен го доживеа и вториот пораз во групата.
Хуго Лорис освен што синоќа на дуелот со Монако му одбрани пенал на Фалкао во првото полувреме, покажа рефлекс кој ретко се случува на таа дистанца од играчот кој шутира.
Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.
Во среда од 18, Баерн Минхен му гостува на Ростов каде температурите периодов одат длабоко под нулата. Поради тоа Баварците решија да се пошегуваат на Твитер и да објават гиф од моментот кога Томаш Милер излезе зимно време по шорцеви и дрес. Од Ростов не чекаа многу и ја прифатија иргата.
Откако некое време се поставуваше прашањето дали кариерата на Фалкао ја уншти итроста на агентот Хорхе Мендеш или мрзеливоста на Колумбиецот и повредата на 22. јануари 2014. година, Фалкао сезонава конечно даде одговор и се издигна од пепелот.
Кога Росонерите во 2007-ма ја освоија Лигата на шампионите, на чекор до финале им застана Манчестер Јунајтед. Во Милано славеа 3:0, а во Манчестер загубија 3:2. Кака освен што ги постигна двата гола на гостувањето, направи гест кој никогаш нема да му го заборави Рајан Гигс.
На 5. ноември 1997 година, четата на Генерал Лобановски триумфално прошета низ „Камп Ноу“. Предводени од Шевченко кој постигна хет-трик и Ребров, Динамо Киев ја торпедираше Барселона со 0-4 и ја изненади целата фудбалска јавност.
На денот на својот 30 роденден, поранешниот хрватски репрезентативец Дадо Пршо постигна неверојатни пет гола на меч од Лигата на шампионите. На тој 5. ноември 2003. година Монако го победи Депортиво Ла Коруња со рекордни 8-3. Тоа беше највисоката победа во меч од ЛШ.
Навивачите на Баерн Минхен имале добра екскурзија во Ајндховен во средата. Најпрвин по улиците на овој холандски град имале по некоја брканица со навивачите на ПСВ, а подоцна нивниот тим победи после пресврт. На крајот диџејот на стадионот им ја пуштил омилената песна Major Tom од Peter Schilling.