Таг: лига на шампиони

Пет забелешки од поразот на Баерн против Атлетико

Ако некој знае да ги си сопре Реал, Барселона и Баерн, трите најсилни и најмоќни клубови во светот изминативе години, тоа е бандата на Симеоне. Него џабе ќе му правиш посед на топка. Кога ќе ти пушти 11 души на терен ќе те изедат како кучиња, па макар промашиле и пенал како вчера.

Генерал Чоло знае како против Германците

И покрај тоа што промаши пенал и пропушти неколку шанси за гол, Атлетико Мадрид успеа да го победи Баерн Минхен на Карло Анчелоти. ПСЖ и Барса славеа после пресврти, а Сити првпат сезонава не победи.

Играта на Барса може да те поремети, прашајте гo Манчестер

Кога тики-така моделот ќе влезе во фазон на совршенство, никој не сака да и биде противник на терен, па дури ниту играчите на Сер Алекс Фергусон кои полуделе од нервоза во едно неодамнешно финале против Барса.

Видео од тепачката меѓу хулиганите во Загреб

Навивачите на Динамо вчера попладне нападнале група навивачи на Јувентус кои допатувале во Загреб. Меѓу сведоците на општиот хаос имало и Македонци кои отпатуваа да го бодрат Јувентус.

Роналдо тргна кај камерманот да види за офсајд

Дортмунд и Реал пружија добар меч, видовме 4 гола, а можевме уште толку ако едните и другите ги реализираа шансите. Реал имаше 2-3 опасни контри, а една во која се најде Роналдо беше офсајд ситуација. Португалецот протестираше и на полувремето отиде кај главниот камерман крај теренот.

Како изгледаше првиот меч на Лестер во ЛШ на домашен терен

Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?

Европскиот првак не издржа против опасната Борусија

Четири победи на домаќините, две на гостинските екипи и две ремија во првата ноќ од второто коло во ЛШ. Лестер ита сигурно во дебитантската сезона на меѓународна сцена, Јувентус и Копенхаген беа најубедливи, а одбраната на Реал попушти на три минути до крајот за конечни 2:2, кои Борусија ги заслужи. Имаше 12 удари во рамки на гол наспрема 5 на Кралевите.

Бед Блу Бојс нападнаа навивачи на Јуве, има повредени

Се овистинија претпоставките дека враќањето на навивачите на Динамо на трибините после долгогодишен бојкот ќе резултира насилно. Особено што во Загреб вечерва гостува една од најпознатите навивачки групи во Европа.

Како резервниот голман на Мурињо стана познат тренер

Нуњо Еспирито Санто го освои Купот на УЕФА и Лигата на Шампионите без да заигра кај Жозе Мурињо, но како резервен голман корисно го поминувал времето на клупата и сега после Валенсија го води Порто.

Култот на Брито Ривалдо

Кога дошол во Барселона сите сфатиле дека бил лимон табиет и дека било прашање на време кога ќе се скара со незгодниот Ван Гал. Со игрите на Камп Ноу, Ривалдо ја доби наградата најдобар фудбалер на светот а голот против Валенсија важи за еден од најубавите на сите времиња.

Двете лица на навивачите на Легија

Пољаците се враќаат во Лига на шампиони по пауза од 21 година и веднаш успеваат да го свртат вниманието. Најпрво со спекталурна кореографија во нивниот препознатлив стил, а потоа со тепачка со редарите, ама со спрејови.

Лестер гази и во Европа, Дортмунд даде шест во Варшава

Втората вечер од Лигата на шампионите на девет меча донесе дури 28 голови. Немаше погодоци само на тврдиот меч во Торино, а Дортмунд славеше против Легија во Полска со 0:6. Порто се посрамоти против Копенхаген со играч повеќе.

Барселона броеше до седум, Баерн до пет, а дербито во Париз заврши без победник

Лионел Меси стана првиот играч со шест хет-трикови во ЛШ, Кавани му даде гол на Арсенал за 42 секунди, но Топџиите вратија на 12 минути до крајот. Наполи и Атлетико со полн плен на гости, а Бешикташ извади бод во 94 минута со мајсторија од слободен удар.

Кај ПСЖ и Арсенал сè е исто

За дербито на вечерта во Лигата на шампионите треба да знаете дека последен пат се сретнале во полуфиналето на Купот на куповите на победниците во сезоната 1993/1994, кога Арсенал бил подобар со вкупни 2:1. А што имаат различно овие две екипи во поглед на статистиката во лигите каде што настапуваат? Ништо.

Да не кажете само на Балканот го има ова

Навивачите на ПСВ Ајндховен решија да не ги остават фудбалерите на Атлетико Мадрид мирно да спијат во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите, па така 10-ина минути рокаа огномет пред хотелот каде беа сместени Шпанците.

Вака почна сè

Со силен ветер и дожд од голови почна натпреварувањето кое со нетрпение чекаме да почне овој месец. До 1992 година познато како Куп на Европски шампиони, а потоа Лига на шампиони. Актери беа Спортинг Лисабон и Партизан.

Европската одисеја на Цементарница 55

На таа ’99-та година се сеќаваме по двомечот на прилепска Победа против Перуџа во Интертото Купот, а ретко кој памети дека во истото натпреварување Цементарница 55 несреќно испадна од рускиот Ростелмаш предводен од Сергеј Андреев, поранешниот тренер на Вардар.

Барселона на Сити, Лестер во лесна група

Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.

Малериозниот Салцбург во слепа улица

После поразот од Динамо Загреб (1:2) во продолженијата, австрискиот Салцбург деветти пат по ред испадна од квалификациите за Лига на шампионите. Германецот Крамер влезе четврти пат во ЛШ за 15 месеци.

Навивачите на Селтик спремни да се борат за Палестина

На мечот од плејофот за ЛШ меѓу Селтик и израелскиот Хапоел Бер Шева, домашните навивачи развиорија преку стотина палестински знамиња во знак на поддршка на палестинскиот народ во борбата за своите права. УЕФА спрема тешка парична пазна, но на Шкотланѓаните не им е гајле.

Дечкото од загрепскиот кварт кој ја шармираше Старата Дама

Растен на загрепскиот асфалт, уште во детството се одвојувал од другарите по талентот за фудбал. Неговите родители биле борачи и џудисти, но Пјаца под перницата сакал да спие со копачки, а не со кимоно. Во Торино сабајлево стигна како суперѕвезда.

Вардар или Динамо Загреб ќе одат на победникот од Алкашерт - Динамо Тбилиси

Среќата на овосезонската ждрепка за квалификациите за ЛШ очигледно доцна стигна за Вардарци кои ќе треба да направат чудо во Загреб за во следната фаза додат до полесен противник и да обезбедат евентуална Лига на Европа.

Комити со пиротехника ги охрабрија Вардарци

На последниот тренинг пред дуелот со Динамо Загреб во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Комити вечерва на теренот во Хиподром (Динамо тренираше на Филип Втори Арената) со песна и бакљи ги мотивираа фудбалерите да „гинат на утрешниот меч“.

Вардар против Динамо Загреб во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион ќе ја започне европската авантура од 2. коло против еден од најтешките противници, хрватскиот првак Динамо Загреб. Скопјани четврти пат во последните пет години ќе се обидат да стигнат до целта.