Додека мадридските архитекти решаваат како ќе изгледа новата скулптура на капитенот на Реал и како ќе се одразат неговите тетоважи, Рамос не се менува - сега одлучувачките голови ги префрли на Ел класико. Минатиот викенд Серхио Рамос постигна ефектен гол во самиот финиш на „Камп Ноу“ и ја одржа предноста меѓу Реал и Барса од 6 бода.
Тој гол беше 75-ти во кариерата на импресивниот дефанзивец.
62 гола Рамос досега дал за Реал Мадрид
3 за Севиља
10 за репрезентацијата на Шпанија.
47 постигна во Ла Лига (45 за Реал, 2 за Севиља)
5 во Кралскиот Куп (сите 5 за Реал)
9 во Лигата на шампионите (сите 9 за Реал)
1 во Купот на УЕФА (за Севиља)
2 во Светското клупско првенство (за Реал)
1 во Супер Купот на Европа (за Реал).
Само сезонава Рамос постигна три гола - само еден помалку од Карим Бензема и сите дефанзивци на Реал Мадрид заедно. Со ваквиот учинок се приближи до неверојатниот рекорд на Фернандо Јеро кој како централен дефанзивец во кариерата постигна 110 гола! Рамос како и Јеро го носи бројот 4 и капитенската трака на Реал.
На листата најдобри голгетери-стопери во историјата се Даниел Пасарела (134 гола) и Роналд Куман (193 гола!). Холанѓанецот за шест сезони во Барселона постигнал повеќе голови од еден великан како Чави.
Кога Рамос бил 12-годишно момче бил без обетки и тетоважи, но исто како денес имал зарипнат глас. Играл за тимот од родниот крај Камас. „Наша задача е да победиме, моја цел е Севиља“, вели Серхио во една емисија на локалниот телевизиски канал со капитенска лента на раката која што неколку години подоцна ја носеше и во главниот тим во цела Андалузија и стана еден од најталентираните деца на Севиља пред да замине во Мадрид.
Како и денес, така и во минатото Рамос имал дарба дава важни голови во судиското продолжение. На еден натпревар во финалето на шампионатот на Андалузија, како 12-годишен дал важен гол во судиското продолжение со глава после корнер во 98’ минута: (1:22 на видеото)
Речиси идентично како што му побегна на Хавиер Маскерно на последното Ел Класико.
НАЈВАЖНИТЕ ГОЛОВИ ВО КАРИЕРАТА НА СЕРХИО РАМОС:
Примера 2004/2005
Севиља - Реал Мадрид 2:2
Последниот гол за Севиља, Рамос го постигна во мрежата на својот иден клуб. Тогаш млад стопер кого го сакала секоја девојка од Андалузија и кој правеше гола фотосесија, играше во иста екипа за Хесус Навас, Дани Алвес и Жулио Баптиста.
На крајот од сезоната 2004/2005, Рамос се сретна со својот иден тренер Зидан, кој тогаш го носеше дресот на Реал и играше во средината со Дејвид Бекам. Серхио го матираше Касиљас со страшен гол од слободен удар:
Примера таа година ја освои Барса, а Рамос со својата прва професионална екипа му скина важни бодови на Реал во борба за титулата. Каталонците до крајот лесно излегоа на крај со Леванте, Виљареал и Реал Сосиедад, а „Кралевите“ по ремито со Севиља (2:2) потклекнаа и со Атлетико Мадрид (0-0).
Примера 2012/2013, Реал Мадрид - Барселона 2-1
Во оваа сезона Реал Мадрид често играше нерешено и губеше, а Барса собра дури 100 бода и стана шампион иште пред „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“. Тогаш во Мадрид Каталонците мислеа на финалето на ЛШ, а Жозе Мурињо го стави Кристијано Роналдо во игра дури во второто полувреме а стопер играше Мајкл Есиен.
Барселона во истата сезона загуби од Реал Мадрид во полуфиналето на Копа дел Реј (4:2 вкупен резултат). Серхио Рамос го реши лигашкото дерби на „Бернабеу“ кога го натскока Пике и му ја донесе победата на Реал која колку-толку ги утеши навивачите.
Квалификации за СП 2014, Шпанија - Франција 1:1
На овој меч од квалификациите за Мундијалот во Бразил, Серхио Рамос не постигна гол со глава, туку со нога. По асистенцијата на Чави, стоперот на Реал Мадрид со удар со глава ја погоди стативата, а некоја секунда подоцна одбиената топка ја смести во ногата и го израдува „Висенте Калдерон“:
Со овој гол на Рамос во есента 2012-та и ремито, директно во Бразил замина Шпанија а Франција се мачеше на „Олимпискиот стадион“ во Киев и долго нема да го заборави Украинецот Роман Зузулија кој сам ги победи Французите во првиот меч од баражот за пласман на Мундијалот 2014-та.
Полуфинале на ЛШ 2013/2014, Баерн Минхен - Реал 0:4
На овој меч каде Реал го торпедираше Баерн, Серхио Рамос постигна два гола со глава против најдобриот голман таа 2014-та и тоа во рок од само 4 минути (16-та и 20-та).Тоа беше и втор дубл на Рамос во кариерата.
Финале на ЛШ 2013/2014, Реал Мадрид - Атлетико 4:1
Овој гол сигурно го памети секој жив човек што следи фудбал. Рамос стана главниот херој на десеттата титула во ЛШ за Реал Мадрид.
„Кралевите“ губеа со 0:1 и во 92 минута (поточно 92:48) кога сите го видоа Атлетико како нов европски шампион, Серхио Рамос натрча на една топка по страшниот центаршут од корнер на Лука Модриќ и постигна еврогол. Во продолжението Реал рутински ги згроми „Јорганџиите“ со 4-1, а Рамос подоцна изјави дека неговиот најдраг гол во кариерата бил токму тој во судиското продолжение и дека ќе го покажува на децата, на внуците, на сите.
Светско клупско првенство 2014, Реал Мадрид - Сан Лоренцо 2:0
Овој меч добро ќе го памети и папата Франциско чијшто омилен клуб Сан Лоренцо играше во финалето на Светското клупско првенство. Рамос стана најдобар играч на овој вреден турнир и најефикасниот дефанзивец кој некогаш играл на мароканските стадиони. Првиот гол го постигна во полуфиналето против Круз Азул, а потоа во финалето на асистенција на Тони Крос даде ефектен гол против Аргентинците.
Бејл, Рамос и Херардо Герардо станаа први стрелци на СКП а Реал Мадрид ја збогати трофејната сала за уште еден пехар.
Финале на ЛШ 2015/2016, Реал - Атлетико 1:1 (5:3)
Голот на Рамос на Сан Сиро не беше победнички, падна на две паузи порано пред оној во Лисабон а навивачите на Атлетико се жалеа дека бил нерегуларен.
На крајот Рамос даде гол во пенал-рулетот а потоа го крена „ушестиот“ пехар како капитен на Реал кој ја прослави „ундесима“.
Супер Куп на УЕФА 2016, Реал - Севиља 3:2
Финале во кое се радуваа луѓето на сите шпански балкони. Севиља предводена од новиот тренер Хорхе Сампаоли остана без Супер Купот на Европа откако Рамос им даде гол во 92:34 минута за 2:2, а потоа во продолжението Дани Карвахал во 119. минута ги постави конечните 3:2.
Сите најважни голови на Рамос во кариерата на едно место:
Примера 2016/2017, Барселона - Реал 1:1
Ништо не се смени кај Рамос ниту сезонава. Реал Мадрид на Зидан и гостуваше на Барса, а Серхио Рамос постигна гол во 90-та минута од Ел Класико за 1-1 и одржување на високите 6 бода предност за Реал на табелата.
После мечот Герет Бејл на Твитер постираше фотографија со голот на Рамос и напиша: „На Рамос секогаш може да сметате“.