На кој што му треба за осминафинале во Лига на шампиони

Вторник и среда се резервирани за последното 6. коло од групната фаза во ЛШ. 12 места се веќе пополнети за нокаут фазата во февруари, а за преостанатите 4 ќе се борат 7 екипи. Тоа се: Бенфика, Наполи, Бешикташ, Порто, Копенхаген, Лион и Севиља.

ВТОРНИК

ГРУПА А: ПСЖ 11, Арсенал 11, Лудогорец 2, Базел 2

Базел – Арсенал и ПСЖ - Лудогорец

Ситуацијата околу осминафиналистите тука е јасна, само треба да се реши редоследот, а таму лидер ќе биде ПСЖ во случај и двете екипи да останат со ист број на бодови. Базел во Лига Европа оди со победа, но истовремено ако Лудогорец не победи во Париз.

ГРУПА Б: Бенфика 8, Наполи 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 2

Бенфика – Наполи и Динамо Киев - Бешикташ

Ќе ви ги скуцаме сите 6 сценарија за пласман во осминафинале:

А. Ако Бешикташ победи, а Бенфика и Наполи ремизираат:
1.Бешикташ, 2.Наполи

Б. Ако Бешикташ победи и Бенфика или Наполи победи:
1.Бенфика или Наполи, 2.Бешикташ

Ц. Ако Бешикташ ремизира, а Бенфика победи:
1.Бенфика, 2.Бешикташ

Д. Ако Бешикташ ремизира, а Наполи победи:
1.Наполи, 2.Бенфика

Е. Ако Бешикташ ремизира и Бенфика и Наполи ремзираат:
1.Наполи, 2.Бенфика

Ф. Ако Бешикташ загуби, победникот од Бенфика-Наполи е прв, а поразениот втор.

ГРУПА Ц: Барселона 12, Манчестер Сити 8, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 2

Манчестер Сити – Селтик и Барселона – Борусија Менхенгладбах

Овие може ич да не играат вечер бидејќи како и да одиграат нема ништо да се смени на табела.

ГРУПА Д: Атлетико 15, Баерн 9, Ростов 4, ПСВ 1

Баерн Минхен – Атлетико Мадрид и ПСВ – Ростов

Атлетико прв, Баерн втор. Русите со реми одат во Лига Европа.

СРЕДА

ГРУПА Е: Монако 11, Баер 7, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 3.

Тотенхем – ЦСКА Москва и Баер Леверкузен – Монако

Тотенхем е изненадување што не успеа да се пласира во осминафинале во оваа конкуренција, но вечерва мора да биде внимателен бидејќи се пораз ќе остане и без ЛЕ.

ГРУПА Ф: Борусија Дортмунд 13, Реал Мадрид 11, Спортинг 3, Легија 1

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд и Легија Варшава – Спортинг Лисабон

Реал Мадрид ќе брка победа за да заврши прв во спротивно листата на второпласирани на ждрепката ќе биде кошмар бидејќи таму сигурни се Сити и Баерн. Пољаците само со победа одат во ЛЕ.

ГРУПА Г: Порто – Лестер и Клуб Бриж – Копенхаген

Лестер 13, Порто 8, Копенхаген 6, Бриж 0

Актуелниот шампион на Премиер лигата направи големо изненадување и во ЛШ каде во деби сезоната успеа да стигне до осминафинале и тоа како прв на табела. Шансите за Копенхаген за тоа друштво се ако победат во Белгија и да се надеваат дека Лестер ќе освои барем бод во Порто.

ГРУПА Х: Јувентус 11, Севиља 10, Лион 7, Динамо Загреб 0

Јувентус – Динамо Загреб и Лион – Севиља

Дуелот Лион – Севиља ќе биде опасен бидејќи Французите ќе бркаат победа со два гола разлика која ги носи во осминафинале. Јувентус е раат и со победа против аутсајдерите останува лидер.

6 декември 2016 - 14:45