Како никогаш досега, со новите претумбувања на системот на квалификации и главната ждрепка, европската фудбалска унија го збуни обичниот љубител на фудбалот кој сериозно треба да се помачи, за да сфати кој што како и зошто.
Немавме среќа во Нион. Ако во полуфинале го совлада Косово, македонската фудбалска репрезентација последната пречка за европско нема да може да ја мине дома.
Бернар Шаланд е Швајцарец кој успешно ја води репрезентацијата на Косово. Успеа неколку месеци да нема пораз, да ѝ даде 3 гола на Англија среде „Вембли“ и 20 минути да го делат од голема шанса за историски пласман на Европско првенство 2020 (ќе им требаше бод со пласираната Англија во недела). Сега ги чека дуел со Македонија во плејофот од Лига на нации, на 22 март 2020 година.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.
Пошироката македонска јавност, дали поради временската дистанца (март), дали поради карамкашата што ја направи УЕФА со 234 турнири, или поради нешто трето, не е запознаета со тоа дека Македонија 180 минути ќе ја далат од историски пласман на едно Европско.
После 3-4 дена пијанчење, повраќање и урлање во португалскиот град Гимараеш, каде што се играше финалето на Лига на нации, англиските навивачи конечно се вратија дома. А локалците, кога сфатија дека куртулиле, со аплауз ги испраќаа.
После болниот пораз од Грција во финалето на Европско 2004 на домашен терен, Кристијано Роналдо остана единствениот од таа генерација кој и ден денес игра за репрезентацијата. Со Португалците синоќа го освои пехарот во Лига на нации откако во финале ја совладаа Холандија 1:0.
Португалија со 3:1 ја совлада Швајцарија и се пласираше во полуфиналето на Лига на нации. Сите три гола од кои еден од слободен удар за европскиот шампион ги постигна Кристијано Роналдо.
За 1.358 дена во земјата која нема никаква спортска историја ќе почне Мундијал. На само недела пред католичкиот а 13 дена пред православниот Божиќ во 2020-та, ќе се игра финалето на првото зимско Светско првенство во историјата.
Познатиот сајт за статистика „WhoScored“ го објави најдобриот тим од Лигата на Нации, поточно од лигата каде учествуваше Македонија и тотално ја утнале.
Пред почетокот на мечот во Единбург во Лига на нации, неколку репрезентативци на Израел приметиле дека децата кои стојат покрај нив мрзнат на силниот ветер па ги соблекле јакните и им ги дале да се стоплат.
Ретко се смее, ретко покажува емоции на лицето. Исто како Пирло ја има таа флегматична елеганција на теренот а што е најинтересно игра во Бреша, има долга коса и ја покрива истата позиција како Андреа на времето.
Георги Чакветадзе има 19 години и важи за еден од најталентираните фудбалери од Источна Европа во моментов. Кариерата ја почнал во матичниот Динамо Тбилиси а во август 2017, и покрај големиот и интерес од Баерн, Тотенхем и Ливерпул, за 700.000 евра преминува во белгискиот клуб Гент.
Селекцијата на Косово е нашиот противник во полуфиналето од плејофот за пласман на Еврошампионатот, ама додека да дојде денот кога треба да играат ќе заборавиме за што играат. Можевте и во 2030-та да ја закажете, што фали?
Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Море не да имало. По освојувањето на првата позиција во групата 4, доста фино се опари и ФФМ, ама и репрезентативците кои ќе поделат по неколку илјади евра од самото ФФМ.
„Во нашата земја викаат дека Германија секогаш на крај дава гол, а сега Холандија имаше повеќе среќа да израмни на крајот“, вели Роналд Куман кој раскажа како со еден згужван лист успеале да дадат гол и освојат голем бод.
Во последното коло од групата 1 во Лигата А од Лига на нации, Германија и Холандија одиграа фантастичен натпревар во кој гостите во последните секунди од мечот дадоа гол и се пласираа во плејофот од ова натпреварување.
Столе Димитриевски синоќа можеше комотно да се смести и да пополни место на празните трибините, бидејќи Македонија си имаше работа со тотален фудбалски аутсајдер против кој 90 минути играше викторија. Добро им досудија еден офсајд, значи поминале половина.
Со 5 победи и 1 пораз, македонската фудбалска репрезентациа успешно ја мина групната фаза во натпреварувањето кое ни дава најголеми шанси за пласман на ЕП 2020. Момците на Мрме заслужено го славеа плејофот во соблекувална, а диригент им беше Гого Јовчев. Го поздравија и капитенот.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ја заврши групната фаза од Лига на нации, откако вечерва го совлада Гибралтар 4-0 во Скопје и спремно ги чека противниците во плејофот.
Дваесет и седум минути им требаа на македонските фудбалери да го скршат отпорот на тоталниот аутсајдер Гибралтар. Резултатот го отвори 23-годишниот фудбалер на Леванте, Енес Барди со прекрасен гол.