Мундијалот во Катар 2022 ќе се отвори на 21 ноември а финалето ќе се игра на 18 декември - една недела до католичкиот Божиќ.
Сите Светски првенства досега се играле во јуни и јули, така што на клубовите и првенствата ќе им биде тешко да ги организираат вообичаените календари.
Освен тоа, клубовите се свесни и дека ќе треба да ги ослободат фудбалерите на две-три недели до стартот на Светското (стандардно време на подготовки за така голем турнир).
АНГЛИЈА
Во Англија од аспект на измени во календарот ќе биде многу незгодно. Од 1 ноември до крајот на годината во таа сезона 2022, во англиската Премиер лига треба да се одиграат 10 кола, плус една рунда од ФА Купот (11 натпревари). Што е уште пострашно, Англија уште нема зимска пауза кога ја имаат останатите европски топ-лиги.
Но во 2022 Премиер лигата ќе мора да направи зимска пауза и мечевите од Купот да ги префрлат за подоцна.
Покрај тоа, Премиер ќе треба да почне порано - на крајот од јули.
Организаторите и ФИФА сакале финалето на Мундијалот да се игра на 18 декември, но Англија настојувала да не се поклопува со традиционалниот Boxing Day. За нив одигрувањето коло околу Божиќ е традиција стара неколку децении.
ТОП-5 ЛИГИ
Другите фудбалски лиги го немаат проблемот кој го има англискиот фудбал. Тие имаат зимска пауза која ќе може да се искористи за Светското.
ЕВРОКУПОВИ
Ако со националните првенства повеќе или помалку може да се реши ситуацијата со зимски Мундијал, за натпреварите од Еврокуповите (ЛШ и ЛЕ) тоа не е така просто.
Проблем се јавува што првите квалификациски средби во Еврокуповите стартуваат порано од некогаш - на почетокот на јули. Проблем ќе биде да се стават уште порано, практично е невозможно.
Сезонава Лига на шампиони започна на средината од септември, а тогаш во 2022 нема да може затоа што клубовите до 1 ноември ќе треба да ги ослободат своите фудбалери во репрезентациите а сезоната во ЛШ тогаш ќе биде до 4 коло.
ЛШ и ЛЕ ќе може да се спасат со евентуално намалување на двонеделната пауза меѓу колата. Тоа може да им го спаси календарот но дали ќе им помогне на клубовите кои среде недела не одмораат, туку играат Куп средби или првенствени дуели.
Некоја груба прогноза вели дека групната фаза од Лига на шампиони и Лига Европа ќе почне во септември и потоа ќе го средува календарот во чекор.
Апокалиптични прогнози за некаква војна од клубовите кои би одбиле да ги пуштат играчите на Светското првенство исто не би смеело да се игнорира.
ЛИГА НА НАЦИИ
Почетокот на следниот циклус на овој нов турнир на УЕФА кој штотуку го заврши своето прво издание, е планиран со старт на групна фаза на пролет 2023, така што Лигата на нации не му смета на Светското.