Веќе 37 години навивањето на стадионот Олимпико во Рим не е исто како претходно. Го променија Џовани Фиорило и Винченцо Папарели, навивачи кои ги бодреле Рома и Лацио. Првиот заврши во затвор, а вториот во гроб. Оваа сторија е за незаборавното крваво римско дерби кое излезе од контрола.
Во денови кога на сцена е клупскиот фудбал во ЛШ и ЛЕ ќе се вратиме назад во носталгичните фудбалски години од крајот на минатиот век кои покажуваат една огромна разлика за тоа каде беа и каде се сега италијанските екипи на мапата на Европа.
Човекот кој се ожени со девојка му од детството, со која се бакнувале во складиштето во малиот град Скална стана најдобриот фудбалер на Европа и даде дебитантски гол на Еврото 96-та. Бескомпромисен борец за кого Умберто Ањели стражарел во дворот за да не му го украдат назад во Рим.
Инѕаги помладиот беше далеку од тоа што беше Пипо или искрено беше дрво во напад. Денешниот датум ни извади еден ретро хајлајтс од пред точно 17 години од шампионскиот Лацио. Противник во ЛШ им е Марибор кој го ташлаат 4:0. Инѕаги успеа да се сопне сам од себе со топка на метро од гол и да влезе со неа внатре, а на 0:0 место да ја забие во мрежа, од 5-6 метри ја искрши пречката.
Кога од една страна ги имаме Бокшиќ и Салас, а од другата Шевченко и Веа, тогаш зборуваме за најносталгичното време на италијанскиот фудбал. Немаше потреба од барање место по кафулиња или да ти сецка некој стрим како сега. Имаше по три, четири, а потоа и по пет тв преноси секое коло.
Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.
Да ми кажеше некој дека Лацио во ист ден, во тоа златно време ќе ги продаде двете најголеми ѕвезди, немаше да му верувам. Но летниот период за трансфери заврши, а навивачите палеа трафики и коли и беа до толку избезумени што почнаа да се тепаат меѓу себе.
Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Пеп реши дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.
Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.
Ако некој заслужува летово најмногу да се најде во нашата омилена рубрика на офсајд ликови, тоа е претседателот на Лацио. Ние не го бираме, тој самиот со своите постапки се кандидира секогаш да биде број 1 во правење глупости.
Недоаѓањето на Марсело Биелса, 11-те продадени сезонски карти за еден ден и протестите на навивачите се само најава за проблемите кои се таложат во Лацио. Хармонијата е срушена и во тимот. Лулиќ со непотребен груб старт му посака “добре дојде“ на новото засилување Лукаку, а за прекршокот му се одмази Кеита. Потоа овие двајца се степаа, а камерата го смени кадарот.
Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?
Навивачите на Лацио го обожаваат од проста причина што секогаш беше свој и природен, па дури и кога новинарите сакаа пристојно да дознаат нешто од него.
Кеита Балде летово медиумите го пренесоа во Реал Мадрид, но покрај недоразбирања со клубот почна да тренира. Прво изјави дека ќе доцни на подготовките со образложение дека е разочаран од некои постапки на раководството, а со тоа се претпоставуваше дека и ќе си замине. Но 21 годишниот напаѓач на Лацио им се приклучи на колегите во Ауронцо, а поздрав од него до македонскиот фан клуб на Лацио обезбеди Горан Рецко Наумоски кој ни го испрати ова видео од Италија.
Еден од најдобрите играчи од златната генерација на Лацио кој го освои Скудетото во 2000 година му одговори на претседателот на клубот за обвинувањата.
Ако го барате најкусиот престој на тренер во историјата на фудбалот, ова е тој. Се вика Марсело Биелса кој дури два дена го водеше Лацио, ама од далеку. Сагата околу неговото назначување се претвори во шпанска серија од која најмногу патат навивачите на Лацио.
Лацио - Пјаченца 2:1, сезона 2002/2003. Роберто Манчини во состав со: Маркеџани, Одо, Коуто, Михајловиќ, Фавали, Фиоре, Џаникеда, Станковиќ, Цезар, Коради, Инѕаги. За едно нетипично славје се погрижија Коради и Станковиќ.
Во 87 години историја и 180 меѓусебни средби, Лацио и Рома имаат само едно меѓусебно соочување во финалето од Купот на Италија кое го реши Сенад Лулиќ во 71 минута. Тоа е 26 мај 2013-та, историски датум за Лацијалите на кој ќе се сеќаваат со години и децении. Го нарекуваат „дерби без одмазда“.
Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.
Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.
5 мај 2002-ра е еден од најужасните датуми за Интер. Масимо Морати стана претседател на клубот во 1995-та и по 7 години трошење пари за врвни засилувања, тој ден се очекуваше да им го донесе првото Скудето во негото време. Во напад го имаше триото Роналдо-Рекоба-Виери кои се загубија на Олимпико и покрај поддршката од цел стадион.