Најтврдиот орев во првите 45 минути

Ако ве праша некој кои екипи мислите дека сезонава примаат најмалку голови во прво полувреме, сигурно прво ќе ви текне на Баерн Минхен, Јувентус или Челси. Баерн и Челси се тука некаде, ама не се најдобри.

Изненадувачки екипата оваа сезона која има најдобра одбрана во првото полувреме и тоа во топ 5 лигите е Лацио. Тимот на Симоне Инѕаги има примено 17 гола по 17 изминати кола во Серија А, но само 3 од нив ги примиле во прво полувреме. 

Потоа следуваат три екипи кои одлично го чуваат голот во првите 45 минути, а тоа е се Ница, Наполи и Рома кои примиле по 4, па следуваат ПСЖ, Арсенал и Ајтрахт Франкфурт со по 5.

Интересна статистика која од кладилничарски аспект може одлично да ви служи на пример во играта ГГ1 или кои екипи да ги избегнувате во ова игра.

Во однос на тоа кои екипи најмалку примаат голови на цел натпревар и кои даваат, еве ви две куси табели.

5 екипи со најмалку примени голови

1.Баерн Минхен 9
2.Виљареал 10
3.Ајнтрахт Франкфурт 11
4.Челси 11
5.Тотенхем 11

6 екипи со најмногу дадени голови

1.Монако 53
2.Реал Мадрид 40
3.Барселона 37
4.Ливерпул 37
5.Рома 36
6.Арсенал 36

13 декември 2016 - 13:48