Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.
Една саботна вечер на 20. ноември 2010 година Барселона гостувала кај Алмерија во рамки од шпанската Ла Лига и до врв ја наполнила мрежата на домаќинот. Една анегдота од тој натпревар прераскажал Колумбиецот Фабијан Варгас.
Месец мај е возбудлив за гледање фудбал пред сè поради финишот во Лига на шампиони, ама чекај да видите каква битка се води за следна сезона. Пазете дури 21 екипа се борат за само 7 празни места во топ 5 лигите кои водат во елитата.
Иако до крајот на шпанската Ла Лига има уште три кола, Пабло Форналс, сезонава најдобриот играч на Виљареал комотно може да уплати аранжман за летување и да не му ја мисли. После ваква мајсторија, нема потреба да игра веќе сезонава.
Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.
Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.
Во декемврискиот меч со Барселона, легендата на Селта Виго, Јаго Аспас доживеа повреда на задната ложа и отсуствуваше два месеци од теренот. За тоа време Селта изгуби 9 од 11 средби и падна во зоната за испаѓање од лига.
Меси има повеќе голови од слободни од цел Реал Мадрид. Неверојатниот Аргентинец по којзнае кој пат го воодушеви цел свет со луд настап. Синоќа го постигна петтиот гол сезонава од слободен удар - 4 има во првенство и 1 во Лига на шампиони.
По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.
Пишаниот збор често останува од колено на колено и тешко се менува. Во многу земји фудбалскиот клуб кој некогаш царуваше во Европа е поврзан со цицачот кој го има на својот грб и амблем. Но во Шпанија ретко кој ги вика така.
Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.
Сите галамеа, се тркаа и нудеа големи пари за трансфери во зимскиот преоден рок, само Еспањол на 28 јануари за мала сума го потпиша „Марадона од Истокот“ и направи неверојатен маркетиншки потег.
Многу чест коментар меѓу фудбалските зналци е дека таков талент се раѓа еднаш на 100 години. Налетавме на уникатно видео за неговите мајстории во дресот на Барселона.
Во 3’ минута од мечот Бетис - Атлетико Мадрид, гостинскиот голман Јан Облак направи фантастична парада и го одбрани ударот со глава на стоперот на домаќините Зухаир Федал.
Барса во неделата ја совлада Жирона, а Лионел Меси постигна убав гол на стадионот „Монтиливи“. Тоа е 37. стадион во Шпанија на кој неверојатниот Аргентинец дава гол.
За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.
Отсуствуваше 636 дена поради тешки повреди и докгорите му рекле дека треба да биде среќен ако може да оди после толку операции. Синоќа на два пати го матираше Реал Мадрид и му донесе огромен бод на својот Виљареал
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Најдобриот бомбардер во Ла Лига игра за Жирона. Се вика Кристијан и станува збор за центарфор кој постигна 11 гола на 12 меча досега во Примера. Меси по мајсториите против Еспањол има исто толку голови, а Аспас и Суарез имаат еден помалку.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.
Атлетико Мадрид на два пати губеше дома од Атлетик Билбао со 0-1 и 1-2 но на крајот капитенот Диего Годин направи луд подвиг откако повреден остана на теренот и додека кривеше, го сврте резултатот.