Шпанија и натаму е затворена за туристи од многу земји, а на шпанските стадиони веќе некое време се игра фудбал без публика. Само едно симпатично клубче има поддршка, од околните тераси.
Мечот Севиља - Еибар на „Рамон Санчез Писхуан“ го затвори 34. коло во шпанската Ла Лига. Со голот на Лукас Окампос во 56' минута домаќинот славеше со 1-0, ама најлуд момент на мечот беше кога токму Окампос застана на голот наместо повредениотТомаш Вацлик кога Сеивља немаше право на измени.
Барселона многу лесно го совлада Виљареал на гости со 1-4 и успеа да ја задржи бодовната разлика зад Реал Мадрид на 4 бода на 4 кола до крајот. Лео Меси имаше 2 асистенции, одигра фантастично, а топломерот за мерење температура после мечот не работеше кога Лионел пријде да му измерат.
Барселона го отвори резултатот уште во 3' минута после автогол, Виљареал израмни во 14' и тоа беше сè од домаќинот. Каталонците издоминираа преку Суарез, Гризман и Ансу Фати, а Французинот даде преубав гол (9-ти сезонава за 29-годишниот Гризман).
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски доби шанса во 83' минута на мечот на кој неговата Мајорка со 5-1 ја прегази Селта Виго. Хрватот Анте Будимир даде два гола, ама шоуто го направи Такефуса Кубо (19) кој учествуваше во 4 од 5 гола.
Иако неговиот Атлетико на Камп Ноу освои златен бод (2:2) во трката за Лига на шампиони, притоа му помогна на градскиот ривал Реал да се доближи до титулата, Диего Коста синоќа ги имаше најлошите 4 минути во кариерата.
Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.
Реал Мадрид го задржа првото место во Ла Лига откако синоќа со 2:0 ја совлада Мајорка. Во последните две кола победничките голови ги даде капитенот и штопер Серхио Рамос кој урна неколку рекорди.
При резултат 0-0 на мечот против Атлетик Билбао, во 69' минута Лионел Меси многу опасно стартуваше над Јерај Алварез, штоперот на гостите, ама ниту судијата реагираше ниту од ВАР собата му сугерираа да погледне видео снимка. За ваков старт неизбежно се дава црвен картон.
Реал Мадрид со 3-0 убедливо ја победи Валенсија и ја продолжи трката за титулата со Барселона. На гостите од „Местаља“ во првиот дел им беше поништен гол при резултат 0-0, а после Бензема и Асенсио ги докрајчија. Овој првиот даде преубав гол, а вториот после прв контакт со топка откако влезе во игра.
Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.
Додуше рекламирање букмејкери и казина е дозволено од 01:00 до 05:00 на полноќ, но слабо фајде ќе имаат клубовите кои веќе почнуваат со Ла Лига и кои зависат од парите од овие спонзори.
На 8 декември лани, Барса ја пречека Мајорка на „Камп Ноу“ и на тој меч Меси постигна хет-трик ама славата ја собра Луис Суарез по една неверојатна акција. Голов е еден од најубавите во кариерата на Уругваецот, особено што падна после страшна акција на Каталонците.
Конечно после долго време пауза, на голема врата се враќаат најдобрите европски фудбалски лиги, а љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во дерби средби.
На 11-ти јуни во Севиља ќе се случи рестартот на најдобриот шпански клупски фудбал. Фудбалските власти во оваа земја решија да има предозирање со оваа убава игра.
Фудбалерот кој секогаш се наоѓа на листите за најлоши и најслаби фудбалери кои некогаш играле во Реал Мадрид и Ла Лига воопшто, раскажа како дознал дека го бара „кралскиот клуб“ и како мислел дека го мајтапат.
Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
Како што стојат работите, до денешен ден официјален старт има закажано само германската Бундеслига (прва и втора). Останатите топ европски лиги ќе почекаат најверојатно до почеток или средина на јуни. Уште понејасна слика е во кошарката каде НБА и Евролига не соопштија никаков план.
Секоја сезона во последните пар кола пред крајот, се води жестока битка за еврокупови, за титула, за опстанок во лигата. Во цела таа хаотична трка некогаш не се бираат средства да се оствари целта. Ама некогаш се преминува границата, како пред 6 години во Памплона.
Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Во Шпанија се разгоре пандемијата: Околу 18.000 заразени, повеќе од 800 смртни исходи. Додека спортистите седат дома во строг карантин, некои судијки отишле доброволно да помагаат како медицински сестри.
Заразени се по еден кошаркар на Јута и Реал Мадрид, и по еден фудбалер на Јувентус и Сампдорија. Фудбалот го стопираа и во Шпанија, а кошарката во НБА и Евролига. Кај нас од денеска прекинуваат фудбалските и кошаркарски првенства. УЕФА конечно гукна и најави одлука за ЕП 2020.
Новиот Ковид-19 продолжува да се шири по Европа и сериозно да влијае на животот на овој континент. Спортот страда заедно со другите масовни настани и ситуацијата со некои натпреварувања е нејасна.