Голот против Реал Сосиедад во претходното коло го направи Серхио Рамос најдобар дефанзивец-стрелец во лигата со 68 гола (претходниот рекорд го држеше Роналд Куман со 67 гола). Фернандо Јеро имаше 105 гола во кариерата, но тој одреден дел од кариерата играше и во среден ред. Притоа Куман дури 46 гола дал од пенал, а Рамос 12 од белата точка.
Погодокот синоќа против Мајрока беше осми во тековната сезона за стоперот на Реал. Ова е негов личен рекорд, претходно најмногу дал 7 гола во една сезона.
Шпанскиот репрезентативец има повеќе голови и од некои познати напаѓачи: Брејтвајт од Барса има 7 гола сезонава, Де Јонг од Севиља 6, Феликс од Атлетико 6, Родриго од Валенсија 4 и Диего Коста 3.
Минатата сезона 2018/2019 Рамос постигна 11 гола во сите натпреварувања, а интересно пеналот реализиран против Сосиедад му е 20-ти по ред искористен. Последен пат промашил во мај 2018-та против Севиља.
А пред 14 години Рамос го постигна првиот гол во историјата на резервниот стадион на Реал „Алфредо Ди Стефано“ против француски Реим. Во својата кариера Рамос постигнал досега 119 гола и има повеќе од Кутињо (112), Марез (95), Иниеста (80) и Погба (75).
Серхио Рамос е шестиот најефикасен стрелец во историјата на фудбалот. Пред него се само: Грем Александер (130), Лоран Блан (153), Фернандо Јеро (163), Даниел Пасарела (175) и Роналд Куман 253).
За репрезентацијата на Шпанија, фантастичниот стопер постигнал 21 погодок и е 10-ти најдобар стрелец во историјата на „црвената фурија“. Повеќе од него има само Јеро (29 гола).
После Светското првенство 2018 Рамос даде 5 гола за Шпанија. Никој нема повеќе од него во репрезентацијата после Мундијалот.
Во кариерата Серхио 38 пати бил прецизен после корнер со глава, 30 пати од игра, 22 после слободен удар, 25 пати од пенал и 4 директно од слободен удар.
Колку за споредба, нападот на Атлетико Мадрид чини 200 милиони евра а севкупно сезонава сите напаѓачи дадоа само 9 гола.