Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Во Шпанија се разгоре пандемијата: Околу 18.000 заразени, повеќе од 800 смртни исходи. Додека спортистите седат дома во строг карантин, некои судијки отишле доброволно да помагаат како медицински сестри.
Заразени се по еден кошаркар на Јута и Реал Мадрид, и по еден фудбалер на Јувентус и Сампдорија. Фудбалот го стопираа и во Шпанија, а кошарката во НБА и Евролига. Кај нас од денеска прекинуваат фудбалските и кошаркарски првенства. УЕФА конечно гукна и најави одлука за ЕП 2020.
Новиот Ковид-19 продолжува да се шири по Европа и сериозно да влијае на животот на овој континент. Спортот страда заедно со другите масовни настани и ситуацијата со некои натпреварувања е нејасна.
Барселона реши и отиде до крај - сред сезона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и набрзо назначи негов наследник. Станува збор за интересен човек чија фудбалска филозофија е доста почитувана во Шпанија.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.
Атлетико Мадрид беше подобар во поголемиот дел од дербито на колото со Барселона, но мечот на крај го реши Меси со гол во 85' минута после една контра. Но човекот на кого сите му се поклонуваат е можеби најдобриот голман во моментов во Европа. Марк-Андре Тер Штеген.
Првиот голман на Леванте, составот кој ја растури Барселона пред една недела, Аитор Фернандез во последен момент не знаел дали ќе добие дозвола од државната изборна комисија на Шпанија да брани во првенството, на гостување на „Сан Мамеш“.
На својот Инстаграм профил на кој го следат 38 милиони луѓе од цел свет, Златан најави нешто интересно. Веројатно ќе следува наскоро во јануарскиот преоден рок.
Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.
Барса ја совлада Севиља откако после почетниот притисок домаќинот се ослободи и во рок од 20-ина минути постигна три гола. Суарез со ножички, Видал после интересна комбинација, Дембеле од лево крило со десна во подалечниот агол, а Меси од слободен го затвори мечот.
Во дербито на колото во шпанската Ла Лига, Барселона на „Камп Ноу“ со 4-0 ја размонтира Севиља и стигна до 2. место на табелата, зад вечниот ривал Реал Мадрид.
Откако собра 4 жолти картони во досегашниот тек од првенството (за пет добиени се пропушта еден меч поради суспензија), Жерар Пике реши во самиот финиш од мечот со Севиља да ја рогне топката намерно, со цел да го испровоцира судијата Мигел Лахоз да му покаже „жолта карта“ со која што ќе го пропушти мечот со Еибар, па ќе ја исчисти суспензијата за Ел Класико (26 октомври, Камп Ноу).
Во меѓунеделното коло од Ла Лига, Барселона со 2-1 го совлада Виљареал со головите на Гризман и Артур. Ама навивачите уживаа во претставата на Фати и Френки Де Јонг.
Бетис синоќа неочекувано поведе против Барселона на Камп Ноу со гол на новото засилување Набир Фекир во 15’ минута, а помалиот син на Меси, Матео се израдува па доби укор од татко му и од Суарез.
За првите два гола на Гризман во дресот на Барса требаше да чекаме до 2 коло. После вториот гол на мечот против Бетис синоќа, Французинот дотрча пред трибината и фрли конфети во воздух со рацете во вис. Ваков ритуал има Леброн Џејмс.
Жестоките критики дека Барса полека го губи компасот со страшни милионски трансфери, а подзаборава на својот извор на таленти Ла Масија, полека како да вродија со плод. Малиот Фати е доказ.
Тезата дека кога нема светско или европско, нема фудбал цело лето е погрешна. Како нема, кога не овој, следниот викенд ќе се најдеме во кладилница. Стартуваат англиско и француско. Прво коло: Манчестер Јунајтед - Челси. Па па па.
Нема веќе блискост со работничката класа, барем не преку трансфер политиката и големите трошења за брзи напаѓачи кои едно време бегаа од Атлетико кој игра деструктивен фудал со Симеоне.