Три судијки од женската Примера: Џудит Романо, Елена Пелаез и Ирагарце Фернандез им асистираат на лекарите по шпанските болници каде исто е вонредна ситуација.
Ирагарце Фернандез суди не само во најдобриот шпански женски фудбал, туку и во третата лига за мажи каде е помошничка на главниот судија. Но сега работи волонтерски во клиниката Рекалде во Билбао, главниот град на реонот Баскија во Шпанија.
„Напорно работиме, помагаме со случаите на коронавирус. Понекогаш има стресни ситуации. Ве молам, за општо добро, останете дома, да не се шири заразата“, рекла Ирагарце Фернандез преку видео порака.
Елена Пелаес се пријавила да работи како акушерка во болницата Рио Карисон во Паленсија. Таа не се занимава непосредно со заболени од коронавирус, но и нив и тоа како ги погодил вирусот, затоа што поради пандемијата работеле многу тешко и сите биле нервозни. Затоа, вели е важно да се сочува оптимизмот:
„Со заедничка поддршка и позитивно расположение сигурно ќе го победиме вирусот“, рекла Елена Пелаес која судела натпревари од женската фудбалска лига на Шпанија.
Џудит Романо е единствената од нив која е судијка во шпанска Сегунда. Заедно со оваа работа, Џудит ги воспитува своите две деца и помага како реаниматолог и анестезиолог во Овиедо.
„Сите овде сме како една екипа. Заедно ќе победиме!“, напишала Џудит.
Таа пред 14 години ја победила лимфомата.
На 12 март Ла Лига ја прекина сезоната на најмалку 14 дена, а подоцна и на неопределено време додека трае глобалната пандемија на коронавирусот.
Шпанија е една од најпогодените земји од вирусот Ковид-19.