Стотина жители на Еибар, градче со 27.000 жители во Баскија можат од близу да гледаат фудбал, да мавтаат со знамиња, да пеат песни и да му свират на противникот.
Во Еибар игра истоимен клуб кој живее благодарение на донации и кој домашните натпревари ги игра на старото стадионче „Ипуруа“ изградено во 1947 година за 7.100 гледачи.
Карти за натпреварите на Еибар се наоѓаат иако сезонава продале 5.173 сезонски влезници.
Како што е познато, сите средби во Шпанија по фудбалскиот карантин се играат без гледачи па затоа управата на Еибар решила да им врати 303.000 евра на „сезонците“ за шест пропуштени меча до крајот од сезоната.
Но 173 се откажале од компензацијата и на кубот му заштедиле 8.205 евра кои отишле во фондот „Еибар“ во борба против коронавирусот.
Интересно, за домашните средби Еибар поделил околу 400 знамиња за навивачите да ги закачат на своите балкони, дуќани, влезови. Клупскиот фан-шоп не работи, но Еибар останува единствениот град во Ла Лига каде навивачите можат да гледаат фудбал во живо.
СИТЕ НА БАЛКОН, А ТАМУ ДОШОЛ И ЕДЕН СКАУТ НА ВИЉАРЕАЛ
На улицата Indalecio Ojanguren има две високи згради со број 1 и 2. Имаат по 15 спрата, мали балкони од три метра и на нив сланина, сирење, вино, тортиља и преубав поглед на стадионот „Ипуруа“.
Толку е блиску што често се слушаат и советите од тренерот на Еибар, Мендилибар.
Двете згради се изградени во '60-те години. „Минатиот век кога Еибар беше еден од првите клубови во Терсера (трета лига), таму каде што се зградите клубот сакал да изгради јужна трибина но тогашниот градоначалник одлучил да ја уништи зелената зона со стадион и изградил згради.
На седми спрат таму уште живее Шепе Гаљастеги, тренер на Еибар во сезоната 1992/1993. Тој раскажал дека сите соседи се знаат едни со други а тој го купил станот пред 35 години за да биде близу стадионот.
Шепе многу години подоцна работел како скаут на Виљареал дури и тогаш кога Еибар играл заедно со „жолтата подморница“ во Сегунда. Од балкон ги гледал натпреварите и пишувал отчет.
Од балконите фудбал може да гледаат до 200 луѓе кои не се само навивачи на Еибар. Кога играат против комшиските ривали од Баскија често се гледаат и други бои. Најчесто на симболот на Баскија Атлетик Билбао:
Навивачите на другите баскиски клубови воопшто не се гледаате како непријатели, тука многу луѓе одамна се знаат, во тие згради има големи забави и неретко некој што навива за една баскиска екипа, има симпатии за друга. Дури и претседателот на федерацијата на фан клубови на Еибар признава дека е голем симпатизер на Реал Сосиедад.
И роднини може да живеат во соседни провинции, да почнале да навиваат за тамошен клуб ама никогаш не го забораваат стариот.
НАВИВАЧИТЕ НА ЕИБАР СЕ НАЈГЛАСНИ ВО ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ФУДБАЛ БЕЗ ГЛЕДАЧИ
Во цела Шпанија имаше акции со пароли против Федерацијата зошто реши да се игра фудбал без навивачи. Групата Eskozia La Brava, симпатизери на Еибар цел град го излепиле со стикери и пароли: „Се враќаат вашите пари а не фудбалот“.
Секако, има и такви кои ја разбираат но не ја оправдуваат оваа позиција зошто Еибар е мал клуб и не може туку така да се откаже од можноста да заработи пари од ТВ права.
После 34 одиграни кола, Еибар е критично близу до зоната за испаѓање. Имаат 6 бода над цртата која води во провалија но и 5 тешки меча пред нив да ја одржат предноста. Од тие 5 два им се дома, па од балконите пак ќе се ори песна за Еибар.
КЛУБОТ СО ДУША КОЈ СЕ СПАСИ ОД ДОЛГОВИ И СЕГА СЕ БОРИ ЗА ЕВРОКУПОВИ