Таг: ла лејкерс

Исповед на Карим Абдул-Џабар: Зошто прејдов во Исламот

Во својот биографски текст за сајтот на Ал Џазеира, најдобриот стрелец во НБА на сите времиња пишува што го натерало да ја смени верата. Потекнува од христијанско семејство, кое било мета на напади на Кју Клукс Кланот, а идол му бил Малком Х.

Осум поени за Антиќ, Лејкерс се мачеше со Филаделфија

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Милвоки Бакс 101:88, а Демар Дерозан со поентерски рекорд го предводеше Торонто до триумф над Хјустон Рокетс 99:96.

Лос Анџелес се радуваше два пати, Антиќ повторно двоцифрен

По рекордната партија против Оклахома, Перо Антиќ и вчера одигра одличен меч против Сан Антонио Спарс. Како ретко кога сезонава, во иста вечер победи во НБА славеа и Лејкерс и Клиперс.

Вестбрук надвор од контрола, Атланта лесно со Милвоки

Атланта рутински триумфираше против Бакси 97:86, а најзаслужен за победата беше Пол Милсап. Синоќа славеа уште и Лејкерс, Далас, Оклахома, Мемфис, Индијана, Орландо, Кливленд, Портланд и Детроит. Расел Вестбрук со личен рекорд на асистенции.

Чикаго го плаќа Бузер да не игра за нив

Биковите се должни до крајот на актуелната сезона да му плаќаат 13,55 милиони долари на Карлос Бузер и покрај тоа што тој игра за ЛА Лејкерс.

Крај на црната серија на Лејкерс

Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа го совладаа Чикаго Булс после продолженијата 123:118 и на тој начин избегнаа и десетти пораз во низа и израмнување со негативниот рекорд од 1994. година.

Томпсон даде 37 поени за една четвртина, 15-та победа по ред на Атланта

Шампионот Сан Антонио рутински ги совлада Лејкерс 99:85, а Џејмс Харден сам го победи Феникс 113:111 со кош во последната секунда.

Пет енигми за НБА финалињата

Додека на сцена е вториот дел од актуелната сезона во НБА лигата, ќе се потсетиме на неколку работи кои не добиле доволно простор во етерот, а се важни за НБА манијаците.

Леброн и Кливленд подобри од Коби со Лејкерс

Со 36 поени и по пет скокови и асистенции, Леброн Џејмс беше творец на триумфот на Кавалерс над ЛА Лејкерс 109:102. Кајри Ирвинг додаде 22, а Кевин Лав 17 поени. Кај „езерџиите" Брајант запиша 19 поени, шест скокови и дури 17 асистенции, најмногу во неговата кариера.

Антиќ пак даде 13 поени, дербито на Лос Анџелес за Клиперс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс стигнаа до 24. победа во сезоната, откако Блејк Грифин со 27 поени беше творец на триумфот над Лејкерс 114:89. Атланта одигра за шесто славје по ред.

Рондо ги победи своите, Атланта прва на Истокот

Од 2008. година до 18. декември минатата година, Ражон Рондо играше за Бостон, од каде замина во Далас. Токму во синиот дрес ја одигра можеби најдобрата партија во кариерата, по што Далас славеше против неговиот Бостон 119:101.

Атланта декласирана, Перо не играше, Дирк до рекорд

Со само четири погодени тројки од 23 обиди, Хокси немаа што да бараат против Милвоки Бакс и загубија 107:77. Во дербито на вечерта, Хјустон го победи Мемфис Гризлис после продолженијата 117:111.

Празнична НБА и дерби средби за Божиќ

Како и секоја година, така и оваа во најсилната кошаркарска лига на светот, за Божиќ ќе се одиграат неколку дуели меѓу најголемите франшизи. Леброн Џејмс со својот Кливленд ќе игра против Мајами, Лејкерс и Коби против Чикаго, а Сан Антонио и Оклахома во реприза на минатогодишното финале на Истокот.

Лејкерс можат без Коби, Атланта реди победи

Атланта Хокс победи и на 14-от на последните 15 натпревари, откако вечерва го добија ЛА Клиперс без Антиќ кој не влегуваше во игра. Кливленд славеше над Минесота, а Демијан Лилард блескаше во победата на Портланд над Оклахома после продолженија. Дивац погоди од пола терен и заработи 90.000 долари.

Коби со повеќе кошеви од Џордан

Во 19. сезона во НБА лигата, капитенот на ЛА Лејкерс го помина Летечкиот Мајкл на вечната листа најдобри поентери во историјата на лигата и сега е трет со 32.310 поени. Коби вчера играше против неговиот потенцијален наследник, првиот пик на драфтот во Минесота, Ендрју Вигинс.

Коби урлаше по соиграчите на тренинг

„Сега гледам зошто изгубивме 16 натпревари. Меки сме како тоалетна хартија. Не работите ништо идиоти", им викаше капитенот на Лејкерс на соиграчите на вчерашниот тренинг.

Сè ќе дадеме само Коби да остане

Тренерот на ЛА Лејкерс, Бајрон Скот изјави дека примарна цел сезонава му е да го натера Коби Брајант и понатаму да игра кошарка и да не се пензионира кога ќе му истече договорот, изјава на која Коби остана рамнодушен.

Атланта загуби, Брајант стигна до 32.000 поени

Перо Антиќ ја имаше последната прилика да го израмни резултатот против Лејкерси, но на 6 секунди до крајот на мечот не успеа да ја погоди тројката за продолженија.

Портланд даде 130 коша, нов пораз на Лејкерс

Перо Антиќ од натпревар во натпревар добива поголема минутажа во Атланта. Во вчерашниот триумф против Јута Џез, Антиќ одигра 20 минути и постигна 5 поени со 5 скока.

Лејкерски се прочитани во напад

Одбраната на Лос Анџелес Лејкерс не им е силна страна и тоа е јасно, но Бајрон Скот ќе треба под итно нешто да менува и во напад.

Почнува НБА 2014/2015

Новата сезона нашиот Перо Антиќ ќе ја отвори на гостувањето кај Торонто на 29. октомври, а на полноќ се игра тексашкото дерби Сан Антонио - Далас.

За Лејкерс и без патика ако треба

Некои патуваат далеку да ги бодрат соиграчите, некои играат повредени и без редовна плата, а Рони Пирс за својот тим игра и бос.

Коби се врати по 10 месеци, Лејкерс поразени

Во Стејплс Центарот во Лос Анџелес, Голден Стејт им одржа лекција на „езерџиите" во подготвителниот натпревар, а добра вечер имаше и Детроит Пистонс против Милвоки Бакс. Играчите што играа на светското во Шпанија останале во добра форма.

Лејкерси најлоши во историјата на Лејкерси

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа нова страница во клупската историја, но не на начин на кој што се навикнати нивните навивачи.