Џабе се имињата како Радамел Фалкао, Хамес Родригез, Хуан Квадрадо и Карсло Бака, кога Колумбија си имаше работа со подобар противник. Јапонија изненади и со извонреден напаѓачки фудбал полн со шанси, заслужено стигна до првите бодови во групата Х. Првиот црвен картон на Мундијалот го доби Колумбиецот Карлос Санчез уште во 3 минута.