Колумбија и Перу не кријат дека си направиле домаќински муабет за ремито

Се појавија многу интриги за тоа што всушност се случувало за време на последните минути од квалификацискиот меч меѓу овие две селекции кои велат дека не договарале, ама сепак разговарале дека им одговара нерешено.

Видеото на кое Радамел Фалкао им приоѓа и им шепнува нешто на репрезентативците на Перу во финишот од средбата веднаш го доби епитетот скандалозоно, а на социјалните мрежи некои го обвинуваат за местење на натпреварот.
 
Колумбија и Перу имаа 1:1, резултат кој ги носи Колумбијците директно на Светско како четвртопласирани, а Перу во бараж, додека Чиле губеше 3:0 од Бразил и со тоа од трето падна на шесто место со кое останува дома.
 
Напаѓачот на Монако и репрезентативецот на Перу, Ренато Тапиа дадоа изјави со кои негираат дека го штелувале резултатот, ама намерата на Фалкао за тоа што ги известил Перуанците за случувата во Бразил, по секоја логика наведува на тоа. Со 1:1 сме мирни и ние и вие.
„Знаевме што се случувањата на другите средби, игравме знаејќи ги резултатите и во тој момент се обидов да им го пренесам тоа на Перу“, вели Фалкао.

„Во последните пет минути, Колумбијците нѝ пристапија. Тие знаеја каква е ситуацијата на другите средби. Значи успеавме да го завршиме мечот како што нѝ требаше. Разговарав со Радамел, кој ми кажа дека и обете селекции сме квалификувани како што стоеа работите во моментот, но тоа е фудбал и ние играме за да победиме“, вели Тапиа.
На крајот, Перу обезбеди бараж натпревар поради многу тесна подобра гол разлика од Чиле. Ако Колумбија победеше ќе го исфрлеше Перу од игра и ќе му направеше услуга на Чиле, а доколку Перу го добиеше мечот, во бараж ќе играа Колумбијците.

Вака и едните и другите дојдоа до задоволителен резултат за кој се сложија дека е добар низ муабет на терен. Работава излезе не ја местевме, ама така ни излезе.
12 октомври 2017 - 12:31