Таг: колумбија

Како Пабло Ескобар местел натпревари во Колумбија

Во време кога на улиците на Меделин да носиш пиштол со себе по улица било како да носиш најнормален предмет, фудбалот важел за игра подеднакво интересна за обичниот народ но и за босовите на нарко-картелите, меѓу кои и главниот кој имал свој клуб.

Како Колумбијците одбија мир

Референдумот требаше, и сите очекуваа, глатко да стави крај на 52 годишната војна меѓу колумбиската влада и Револуционерните вооружени сили на Колумбија. Првите ќе добиеа мир и контрола на целата земја, најголемиот дел од вторите ќе добиеа помилување.

Црвен картон за случаен минувач покрај Хамес Родригез

После долго време седење на клупата за резерви, Колумбиецот Хамес Родригез конечно заигра во првите 11 на Реал Мадрид, а расположението му го крена и рекламата за енергетскиот пијалак Gatorade. Луѓето од оваа компанија се решија за реклама со првиот случаен минувач кој стоечки го пие нивниот енергетски пијалак.

Татко ми навиваше за друг клуб

Синот на Пабло Ескобар прописно ги искуди Нетфликс дека го утнале фудбалскиот клуб што го поддржувал неговиот татко. „Ако успеале да го утнат клубот, како човек да им верува за другите работи во серијата?“ А добра е серијата, ама и прашањето е на место.

21 година од шкорпионот на Рене Игита

На денешен ден во 1995. година, на Вембли во Лондон, пријателска одиграа Англија и Колумбија. Мечот го одбележи абнормалната одбрана на легендарниот Рене Игита кој во ’23 минута реши ударот/центаршут на Џејми Реднап да го скроти на невиден начин.

Кој од овие тројца го уби Пабло Ескобар?

Пред некој ден Нетфликс ја пушти втората сезона на серијата Наркос, која, освен ако не доцните со Пики Блајндерс, немате алиби зошто не ја гледате. Постојат три верзии за убиството на Ескобар. Се разбира, во сите три учествува тој, ама во третата особено.

Што се случува во Меделин кога Национал дава гол

Национал е најсаканиот фудбалски клуб во вториот по големина град во Колумбија. Ни една свадба, банкет, матурска ни роденден не можат да го заменат славјето на Меделинците кога Национал дава гол.

Навивач на денот

Ако некој знае да жонглира добро на толку мали години, тоа е детево. Мајка му го убедува дека треба да облече дрес од Колумбија бидејќи тоа е неговата земја, а тој почна да кенка бидејќи преферира нешто друго. На крај ќе ја победи.

Адидас ја згреши самогласката на Колумбија

Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.

Чекаш петка или глава и паѓа исправена

Пред почетокот на мечот Колумбија - Парагвај (2:1) од Копа Америка, судијата Хебер Лопез на капитените на двете екипи им ја фрлаше паричката која не се предаде така лесно.

Хамес Родригез се повреди откако глумеше фаул

Во првиот меч од Копа Америка, Колумбија со 2:0 го победи домаќинот САД, а мечот го одбележи повредата на фудбалерот на Реал Мадрид кој се обиде да симулира прекршок, но камерите го уловија.

Голман од слободен во агол кај пајаците

Во четвртфиналето од Плејофот на Колумбпија, Жуниор го победи Милонариос со 2:0. Вториот гол во 65' минута беше ремек-дело на домашниот голман Виера.

Во пресрет на Копа Америка

САД ќе бидат домаќин на јубилејната Копа Америка Сентенарио која годинава слави 100 години од одигрувањето на првиот таков турнир на кој се појавуваат сите најголеми ѕвезди од овој дел на светот.

Кобниот автогол на Колумбија и убиството на Ескобар

Можеби најдобриот Мундијал во историјата, во САД 1994 остана во сенка на трагичниот настан во Колумбија каде на 2. јули беше убиен бекот на оваа репрезентација поради автоголот со кој Колумбијците испаднаа од САД.

Најдобриот почетен удар во историјата

2. јуни 1990 година. Будимпешта. Пред почетокот на пријателскиот меч меѓу Унгарија и Колумбија првиот удар на мечот го изведе унгарска манекенка. Дуелот заврши со победа на Унгарците 3:1, но кој го интересира тоа?

Хоророт од колумбиското пролетно чистење

Остатоците од најмалку 100 распарчени затвореници и посетители се откриени при одзатнувањето на канализациските цевки на еден од главните затвори во Колумбија, во кој се сместени нарко-дилери, марксистички бунтовници и паравојници.

Најстариот учесник на светско во критична состојба

Фарид Мондрагон, најстариот голман кој некогаш играл на едно Светско првенство се обидел да се отруе со повеќе испиени антидепресиви, и тоа само некое време по пораката на Инстаграм „Сам ќе бидам судија на моето постоење".

Чичко Асприља живее живот

Одгледува коњи, произведува кондоми, оди по концерти, игра комар, чува внука - секојдневието на легендарниот Колумбиец.

Фудбалерите на Колумбија ќе живеат 100 години

Во морето фудбалски натпревари денес, квалификацискиот меч за СП 2018 меѓу Колумбија и Аргентина предизвикува најголемо внимание. Домашните играчи се максимално спремни, а еве и зошто.

Колумбиски шверцери на гостување во Чиле

Група колумбијски навивачи тргнале на гостување во Чиле кога полицијата во нивните автобуси пронашла 575 килограми кокаин. Возачите и дел од патниците се уапсени.

Потегот за задржување време кој собра 2,5 милиони прегледи

Меделин имаше водство од 3:2 против Депортиво Кали во колумбиското првенство, а Бразилецот Елтон Мартинс во 93 минута направи потег на кои и по една година сите уживаме кога го гледаме, освен гостите кои губеа.

Нескротливиот кавгаџија Фаустино Асприља

Ако се занимаваме со рангирањето на приоритетите во животот на Тино Асприља, тогаш фудбалот би завршил некаде на петтото место - зад жените, ноќниот живот, коњските трки и оружјето.

Чиле најубедлив, фаворитите како без гориво

Бранителот на титулата ги спакува куферите, домаќинот ита кон финале, Нејмар набљудува од публика, а Меси сè уште е без постигнат гол од игра. Од Копа Америка 2015 очекувавме поголема ефикасност.