Таг: книга

Новинарката што стана касап

Дали е можно етички да се убиваат животни и да се јаде нивното месо? Ова е прашањето кое една новинарка се обидела да го одговори работејќи како касапски чирак на мала семејна фарма и кланица во Франција. Потоа напишала и книга.

Барокна антика: бизнисот со лажни сувенири во Европа

Европските „антиквари“ од 17 век од комерцијални причини внесувале елементи на фантазија во реконструкциите на древниот свет, создавајќи паралелна, измислена „древност“. Нова книга ги анализира нивните археолошки визии, кои содржат важни податоци за моралните, политичките и верските проблеми на тоа време.

Kнига која визуелно претставува стихови од познати поп песни

Начинот на кој инфографиците знаат паметно да ја деконструираат содржината и на најсложените митови (види тука), но и на која и да е друга нарација, отсекогаш нè восхитувала. Истото го прави и оваа уметница со нејзините толкувања на познати поп песни.

Нова книга на Стоја: Филозофија, мачиња и порно

Наречена „поп стар на порното“, Стоја, актерка и продуцентка на филмови за возрасни со српско потекло, е бранителка на порно индустријата и еден од нејзините најартикулирани коментатори. Сега има и нова книга.

Вонбрачниот син на Колумбо и најголемата приватна библиотека во Европа

Ретко кој има слушнато за Ернандо Колон. Но тоа, дека е син на славен лик не е неговото единствено животно достигнување.

„Доверливо од Спрингфилд“: нова книга за Симпсонови

Неодамна Симпсонови ја прикажа својата 636 епизода и со тоа стана најдолго прикажуваното телевизиско шоу во американската историја. По скоро 30 години тоа стана институција, како што ретко се случува со која и да е серија.

Книга за правење домашно сирење за деца

Рики Керол и до сега беше позната по книги со рецепти за правење сирење. Но оваа новата е наменета за деца, за место да кмишат на мобилни да се фатат да прават моцарела, рикота, фета и други сирења за новите генерации.

Што беше тоа „чест“?

„Честа е поскапа од парата“. „Поарно е да имаш име чесно отколку многу сребро, „Честа чест носи“. Овие македонски поговорки не сме ги чуле одамна, веројатно затоа што е тешко да се „продадат“ како релевантни за новото време. Но што е тоа точно „чест“? Нова книга се обидува да го објасни овој феномен.

Нецензурираниот Чајковски

Русите уште имаат проблем да признаат дека еден од нивните сјајни композитори повеќе сакал мажи. Сега на англиски прв пат се објавени и оние делови од неговите преписки кои досега беа цензурирани од домашните дежурни моралисти. 

„Не постојат возрасни“ - нова книга совети за оние кои наближуваат кон 40-тата

Ако сте забележале дека во рубрикава стануваат актуелни текстови за средовечноста, тоа секако не е случајно. Ама немојте да мислите дека сте премлади за да ги читате. Брзо си доаѓа 40-ка. И уште побргу изгледа проаѓа.

Од неандeрталци до роботи: историја на човечкиот говор

За разлика од минерализираните структури на коски и школки, човечките гласови не можат да фосилизираат. Како резултат на тоа можеме само да замислиме како звучело „Старо купуем!“ на улиците на Скопје пред еден век.

Два века од првиот сајбер напад

Во 1790 Франција создала национален механички телеграфски систем. Во 1834 двајца измамници по име Франсоа и Жозеф Блан го извршиле првиот „сајбератак“ врз него, манипулирајќи ги податоците кои минувале низ системот за на тој начин нелегално да заработат на берзата.

Колку личен простор ни е навистина потребен?

Не фигуративно, туку буквално. Туркање во автобус, непосакувано гушкање, дишење во врат - сето тоа се доживува како загрозување на личниот простор. Иако радиусот на ваквата територија се базира и на културата, потребата тој да се има (или да се препушти на друг) е длабоко еволутивна, вели нова книга.

Подемот на бесмислените работни места

Она кога твоето работно место служи само за некој друг да има работно место. Или кога сите се преправаат дека нешто работат, а никој не е убеден во корисноста на тоа нешто. И така, секојдневно, само за машината да врти, а срањето да се трупа. 

Aвторка на книга за покер која паузира од пишување затоа што ѝ тргнала карта

Американската новинарка и писателка Марија Коникова почнала да пишува прирачник за самопомош во кој вештините за играње покер се користат за донесување подобри одлуки во секојдневниот живот. Отпрвин играла колку да влезе во „филм“ и да биде упатена во правилата. Ама многу брзо работата станала сериозна. 

Книга која гарантира дека ќе ве успие

Не дека некои од нас имаат проблем да заспијат, дури и на нога. Но она што вообичаено го ветуваат книгите е обратното - дека се толку возбудливи што нема да можете да ги оставите. Оваа е малку поинаква.

Жената-истражувач на мозоците на ментално болните која полуде

Во нова книга Барбара Липска опишува како го преживеала ракот кој се проширил до мозокот, и како болеста ѝ го променила и начинот на мислење, и карактерот, но и природата на менталните болести кои самата ги истражува.

Совршена несовршеност: портрети на кучиња кои живеат со хендикеп

Нашиот овогодишен Фестивал на јадење книги е посветен на такви книжевни дела чии главни ликови се животни. Кучињата, на пример, во голем број од нив се симбол на лојалност и упорност. Па дури и кога се повредени или трајно хендикепирани, како овие во нова книга портрети на малку поинакви но крајно симпатични кученца. 

Трилер-приказна за билката која домородните Индијанци ја користеле пред кафето и чајот

Знаеме за црн, зелен и бел чај, направен од листовите на Камелиа синенсис. Па за црвен, од африканска грмушка. Па за ерба мате, од Јужна Америка. Но до сега немавме чуено за касина - црниот пијалок на домородните американски Индијанци. Неговата историја и употреба сега се актуелизира.

Нова книга на Изабела Роселини, за нејзините кокошки

Во „Моите кокошки и јас“ славната актерка ја комбинира својата љубов кон пердувестите животни и искуството во филмскиот и уметничкиот свет, во кој овој пат ѕвезди се кокошките.

Добра финта на шпански издавачи: како да објавиш книга кога таа е забранета?

Витезот од Ла Манча се бореше против ветерници. А Здружението на книжари на Мадрид сега го користи 400 години старото дело на Сервантес за да го надмудри шпанскиот судски систем.

„Исправете се!“: кратка историја на одењето со крената глава

Сандер Л. Гилман е американски историчар, со над 90 објавени книги. Една од темите кои го интересираат се поврзаноста на медицината со историјата, како и со политичките и општествените случувања. Неговата нова книга се однесува на значењето на исправеното одење во западната историја.

Зошто Дарвин носел брада?

Смртта на Стивен Хокинг ја актуелизираше темата на телесноста на славните личности, која кога се работи за научници и уметници често пати се става во втор план пред она што тие го напишале или кажале.

Нова книга со до сега необјавувана поезија на Лу Рид

Книгата се вика „Дали на ангелите им треба потстрижување?“, а стиховите во неа се однесуваат на прашања поврзани со нацијата, сексот и вискито. Напишана е во 1970, откако Рид го напушти „Велвет андерграунд“.