Книгата „Брашно“ (Fariña) на Начо Каретеро, која разоткрива детали за трговијата со наркотици во Галиција, била објавена во 2015. Но нејзината продажба минатиот месец е забранета, откако поранешниот градоначалник од оваа област, Хозе Алфредо Беа Гондар, почнал судски процес против Каретеро и неговиот издавач. Беа Гондар тужи за клевета, бидејќи во книгата експлицитно се споменува негово учество во нелегални активности.
Опишувајќи ја забраната на книгата како „анахрона и непропорционална мерка која има за цел уѓето да не ја прочитаат приказната“, Здружението на книжарите на Мадрид направиле сајт, Finding Fariña,, која употребува дигитални алатки за да пронајде и акцентира 80.000 зборови во текстот на „Дон Кихот“, и на тој начин да ја реконтруира содржината на „Брашно“. Така читателите иако со малку мака можат да ја прочитаат книгата и покрај забраната. А со оглед на тоа што книгата на Каретеро содржи зборови кои не постоеле во раниот 17 век, кога е напишан романот на Сервантес, тие се реконструираат слог по слог од други зборови во Дон Кихот.
Индикативниот наслов укажува на тоа дека се работи за трговија со кокаин, а Беа Гондар наводно бил дел од трговијата и преговорите помеѓу колумбискиот картел Кали и локалните продавачи. Најпрвин тој бил осуден од кривичен суд во Мадрид, но врховниот потоа ја отфрлил одлуката бидејќи еден од сведоците бил дисквалификуван. И сето ова е содржано во книгата на Каретеро.
„Има книги кои никогаш нема да можат да бидат замолчани...Затоа што никогаш не можат да се цензурираат правата на читателите. Ниту пак зборовите. А најмалку од сè, Дон Кихот“, изјавиле од Здружението.