Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид во последните неколку сезони, Бразилецот Марсело синоќа потфрли при нападот од кој Барселона израмни 1-1 преку Малком.
Минатата недела Барселона изгуби 2-0 во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот Куп. Синоќа на „Камп Ноу“ ѕверски ѝ вратија на Севиља со 6:1. Два даде Кутињо, а по гол Ракитиќ, Серџи Роберто, Суарез и Меси. Лео постигна гол после неверојатна контра.
Иако многумина мислеа дека Барса своите натпревари за време на реконструкцијата на целиот стадион „Камп Ноу“ и неговата околина ќе игра на други места, тоа нема да се случи. Јапонец е задолжен за целата мисија на обнова.
Четвртфиналниот натпревар од Копа Дел Реј синоќа беше посебен по многу нешта. Хавиер Маскерано по 7,5 сезони си кажа збогум со Каталонците, а на Камп Ноу падна 4.000-от гол во историјата. Го постигна Лионел Меси.
Фудбалскиот клуб Еспањол важи за про-шпански ориентирано друштво кое уште од времето се противи на било каква сецесија и отцепување на Каталонија. Синоќа стотина навивачи на овој клуб гостуваа на „Камп Ноу“ на реваншот од Кралскиот куп којшто Барса го доби со 2:0. Со шпански знамиња ги иритираа домаќините кои возвратија.
По случајот со Осман Дембеле кога Борусија Дортмунд разгласи дека Каталонците зад грб им го украле младиот бисер, а по суспензијата која што ја имаа од ФИФА пред неколку сезони, луѓето од „Камп Ноу“ пак се вмешани во интриги за трансфер.
За 1. октомври во Каталонија е планиран референдум за отцепување од Шпанија. Што ќе се случува тие денови и како после него ќе живеат Барселона, Еспањол, Жирона и 20 други каталонски клубови - не знае никој.
Добро е, не сме имале само ние проблеми со полнење на стадиони, ете и една Барселона знае да се соочи со такво нешто. Синоќешниот меч против Еибар им е најнепосетен во последниве 6 години. Ама кај нив тоа се случува само со неатрактивни противници.
Најтешкото лето во современата историја на Барселона значително ја ослабна позицијата на претседателот на клубот Жозеп Бартомеу на кого му се остри опозицијата. Во Барселона на големо се собираат потписи за референдумско прашање за недоверба кон првиот човек.
Не знаеш што ќе направи во секој нареден момент и како ќе го седне противничкиот бек на земја. Против Виљареал играше лесно како перце, а дриблаше како Пеле.
Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.
Откако го даде победничкиот гол во ел Класико, Меси го прослави така што соблече дресот и го крена во вис. Синоќа неговиот гест го повторија навивачите на Барса на мечот против Осасуна каде Меси даде 2 гола (7-1).
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.
На 5. ноември 1997 година, четата на Генерал Лобановски триумфално прошета низ „Камп Ноу“. Предводени од Шевченко кој постигна хет-трик и Ребров, Динамо Киев ја торпедираше Барселона со 0-4 и ја изненади целата фудбалска јавност.
Еден од најтрофејните фудбалери во клупската историја на Барселона и дете на овој клуб раскажа една случка од тренинг кампот на Барса кога тренер бил Холанѓанецот Луј Ван Гал.
Сторијата околу празниот и мал стадион на Монако нè натера да прочепкаме кои се најголемите стадиони во секоја европска земја. Има стадиони со капацитет од 10.000 гледачи но има и храмови на фудбалот кои примаат над 70.000 гледачи.
Кога дошол во Барселона сите сфатиле дека бил лимон табиет и дека било прашање на време кога ќе се скара со незгодниот Ван Гал. Со игрите на Камп Ноу, Ривалдо ја доби наградата најдобар фудбалер на светот а голот против Валенсија важи за еден од најубавите на сите времиња.
Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.
Уште како ученик во школото играл со скршена рака и стопало, никогаш не се предавал и играл до крај. Техниката која што ја поседувал во младинците била на ниво на соиграчите Чави и Фелипе Ортис. Тренерите во Барса Б се скарале поради него. Едни биле да си оди, други да остане.
Еден од најдобрите португалски фудбалери кои станаа европски прваци, Андре Гомеш после ланскиот дебакл на Валенсија 7-0 од Барселона, решил да продолжи на тренинг истата вечер затоа што не можел да се погледне во огледало. Партиите против Реал и Барса му беа врвни.
Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.