Барселона го покажа планот на реконструкција „Еспаи Барса“ - реновирање, реставрација и освежување на клупското пространство во кое влегува целиот регион околу „Камп Ноу“ со продавници, ресторани, бутици, клупски канцеларии и музеи, плус стадиончињата „Миниестади“ и салата Palau Blaugrana.
🔵🔴 ESPAI BARÇA
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 20, 2018
Where dreams are bigger pic.twitter.com/0uMq9VS8fq
Што ќе се смени?
„Камп Ноу“ стадионот за чија реконструкција ќе се потрошат 360 милиони евра во наредните 4 години.
- Ќе се зголеми капацитетот од 99.000 на 105.000.
- Погледот ќе биде подобар. Најнискиот прстен ќе биде престројуван, вториот ќе биде покомфорен за гледачите а третиот прстен ќе добие уште седечки места затоа што едната трибина од овој прстен има поголем капацитет од другата.
- Ќе се изгради и покрив кој ќе го покрива целиот стадион, сите места, нешто што сега во моментов не е случај. Ќе се појави и видео бим кој ќе може да се гледа од секој агол.
- Ќе се отвораат нови ресторани со одличен поглед на теренот и нови свечени ложи.
- Достапноста на стадионот ќе биде поудобна: ќе има нови лифтови, ескалатори и нови точки на пристап.
- Ќе се изгради подземен паркинг за 3,500 еста и одвоен паркинг за играчите.
Барса кампус
- Пространството околу стадионот ќе се интегрира во реонот Лос Кортс, ќе има нови паркови и јавни пространства, ќе се реорганизира и патот до стадионот.
- Ќе се отвори и нов трговски центар FCBotiga, а и клупски канцеларии, конференциски центри и ресторани.
- Стадионот и околината ќе станат поеколошки уредени и достапни за луѓето со ограничени можности.
- Веднаш до стадионот ќе се отвори и нова метро-станица.
Палау Блауграна - буџет: 90 милиони евра
- Стариот кошаркарски храм на Барселона ќе се сруши. Не негово место ќе се постројуваат клупски канцеларии и нов трговски центар.
- Нова, ултра-модерн асала ќе се гради на местото од „Миниестади“ - стадиончето на кое играат младинците на Барса.
- Новата арена ќе собира 12.500 гледачи. Старата во моментов собира 8.000 повеќе.
- Во план е и изградба на мала сала за тренинзи за помалите клубови од спортското друштво Барселона. Оваа сала би требало да има капацитет од 2.000 гледачи.
Стадион „Јохан Кројф“
Планиран е и нов стадион за младинците и женските екипи на Барселона. Капацитетот ќе му биде 6.000 гледачи. Ова стадионче ќе се наоѓа подалеку од центарот на градот, но во убав крај.
Зошто Барса се престројува?
Масивната реконструкција во Барселона ја планирале одамна: од 2007 година е направен план за реконструкција, но управите се откажувале од разни причини. Сега изгледа дека приказната е многу сериозна.
„Камп Ноу“ последен пат бил престроен во 1998 година (стадионот е изграден во 1960-те години). „Камп Ноу’ е еден од најпопуларните туристички места во Барселона.
Пространството околу стадионот одамна е за обнова. Во деновите кога се играат важни и големи натпревари во фан-шоповите е тесно и многу задушливо, а патот до најблиската метро станица одзема од 10 до 15 минути. Проектот подразбира и логистичко подобрување.
Целата реконструкција ќе му биде доверена на јапонскиот архитект Такајуки Катсуја од бирото „Никеи Сикеи“ кое го проектираше на пример врвниот „Сајтама Стадион“. Но ова е прв проект на Такајуки во Европа па затоа ќе им помага каталонскиот архитект Жоан Паскал.
Кога ќе заврши реконструкцијата и каде ќе игра Барселона за време на градбите?
Целата обнова се планира да заврши во сезоната 2022/2023. Годинава ќе се гради стадионот „Јохан Кројф“. Целиот проект за целосната обнова и изградба на сите објекти ќе чини околу 600 милиони евра.
За време на реконструкцијата Барса нема да го напушти „Камп Ноу“. Реконструкцијата на стадионот ќе се изведува во четири етапи, но главните работи се планирани во меѓусезоната (по завршувањето на сезоната и почеток на летните одмори).
Ливерпул и Тотенхем во Англија за време на реконструкцијата на своите стадиони го проектирале календарот со повеќе гостински натпревари од мај до август за ништо да не ја прекинува работата. Можно е така да постапи и Барселона.