Барса се истури од голови против Еибар, а Камп Ноу полупразен

Добро е, не сме имале само ние проблеми со полнење на стадиони, ете и една Барселона знае да се соочи со такво нешто. Синоќешниот меч против Еибар им е најнепосетен во последниве 6 години. Ама кај нив тоа се случува само со неатрактивни противници.

Фудбалерите на Барселона синоќа го потопија Еибар совладувајќи го со 6:1, Меси беше незапирлив со 4 гола, но бројките на трибините не се задоволителни за Каталонскиот тим.
 
Натпреварот меѓу Барселона и Еибар го следеле 51.645 луѓе, а тоа е наслабата посетеност од 6 декември 2011-та година, кога средбата од Лига на шампиони против Бате Борисов ја следеле 37.374 гледачи.
 
Со оглед на тоа што Камп Ноу е огромно здание кое собира 99.354 гледачи, овие бројки се слаби за славниот шпански клуб, но што е за право Еибар и Бате Борисов не се Реал Мадрид и Јувентус.
 
Другите натпревари на кои се памети слаба посетеност датираат од сезоната 2008/2009. Тогаш мечот Барселона - Нумансија од Ла Лига го следеле 47.330 луѓе, а натпреварот од Лига на шампиони против Шахтјор Доњецк само 22.763 навивачи.
 
Најнезадоволителни бројки Барселона бележи во натпреварите од Копа дел Реј, па така на пример на мечот против Севиља одигран во сезоната 2010/2011 присуствувале 48.167 гледачи.
20 септември 2017 - 10:24