Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.
Го казнуваа поради расистички испад, во Англија пропушти десетина меча поради суспензија, го гризна Кијелини на Светското во Бразил поради што ФИФА го казни да не може да игра на дури девет меча за репрезентацијата. И после сè, памет не му доаѓа.
Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.
Синоќа за време на Ел Класико во Барселона, домашните навивачи направија спектакуларна кореографија во чест на холандската легенда. Со натпис Gracies Johan (Фала Јохан), Камп Ноу ги пречека фудбалерите на двата тима. Денес, Ајакс играше против Цволе и на Амстердам Арената исто се откри преубава кореографија во чест на големиот Кројф.
Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.
По гафот со нерегистрираниот Русин Денис Черишев, поради кој Реал Мадрид беше исфрлен од Копа дел Реј, навивачите на Барселона синоќа му заблагодарија на новиот играч на Валенсија за таквиот епилог. И да, Барса победи 7:0 пред реваншот.
Поради суспензијата со која се соочи Барселона, на Турчинот шест месеци не му беше дозволено да игра за клубот кој го засили летово, но тој најде занимација во меѓувреме.
Дуелите на двата најголеми клуба на светот имаат и темна страна. Не бeше сè до головите, парадите и неверојатните дриблинзи, туку се правеа и нелогични грешки.
Во Реал Мадрид се креваат трофеи и се носат големи ѕвезди благодарение и на музејот, кој е меѓу главните извори на заработката со по неколку нули. Во музејот на Бернабеу, влезницата изнесува 19 евра, а за оној на Камп Ноу 23 евра.
На прашањето дали би сакал куќа на море како Меси и Маскерано или на планина како Пике и Педро, Арда Туран одговара дека сака да е подалеку од центарот.
Со двата гола на Меси и еден на Нејмар, Барса го совлада Атлетик Билбао 3-1 во финалето на шпанскиот куп и после титулата во Ла Лига, по 27-ми пат го крена и трофејот на шпанскиот крал. Барселона за една недела ќе има прилика да ја освои и Лигата на шампионите и втор пат во историјата да ги обедини сите три пехари.
Како и што се очекуваше пред почетокот на финалето на Кралскиот куп на Шпанија, речиси 80.000 навивачи на Атлетик Билбао и Барселона ја исвиркаа шпанската химна. Баскијците и Каталонците, секој од свои причини направија страшна врева од свирежи која достигна 119 децибели (приближно на авионски звук).
Видовме што правел Гвардиола како мал, а сега имаме можност да видиме што правеше Меси пред 10 години и тоа против Јувентус на Гампер Купот во Барселона.
Фудбалерите на Барса стигнаа до капитална предност пред реваншот со Баерн Минхен, а главен „виновник“ за тоа е Лионел Меси. Вчера си поигруваше со одбраната на Баварците, а најмногу го изработи Жером Боатенг.
Откако Реал Мадрид одби финалето на Копа дел Реј да се игра на Сантијаго Бернабеу, шпанската јавност две недели дебатираше за тоа каде Билбао и Барселона ќе се борат за пехарот од Кралскиот куп. На крајот се изгласа Камп Ноу.
Пред неколку сезони, каталонскиот клуб беше модел за атрактивен и отворен стил на игра, а трофеите се редеа еден по друг. Сега Каталонците се на насловните страни од многу поразлични причини.
Ќе се прости ли великанот Барселона од Камп Ноу? Финансискиот директор Хавиер Фаус најавува дека на крајот од оваа година клубот на референдум ќе одлучува дали да гради нов стадион за Каталонскиот клуб или да ја продолжи долгогодишната традиција.
Повикот на играчи на селекторите за квалификациските натпревари во рамките за Светското првенство 2014 во Бразил го испразни Каталонскиот состав. Помошникот на Виланова, Жорди Роура во следните неколку дена на располагање ќе има само четворица играчи.