Барса го откри новиот изглед на Камп Ноу

Победничкиот проект на Никен Секеи и тандемот Пасквал-Аусио за новиот изглед на Камп Ноу беше претставен денес на стадионот на Барселона.

Студиото на Никен Секеи од Јапонија во соработка со каталонските архитекти Пасквал-Аусио на 8. март годинава беа избрани за проектанти за реконструкцијата на Камп Ноу.
 
Изборот го потврдил комитетот Еспаи Барса, составен од четворица членови на управниот одбор, воедно и архитекти по професија. Меѓу нив и Пабло Митјанс (син на Францеск Митјанс, архитектот на денешниот Камп Ноу). Проектот подразбира и комплетна промена на покривот, како и проширување на третиот прстен од трибините и околината на стадионот. Капацитетот ќе биде 105.000 места, а планирани се и целосно нови 12 влезови.
 
Реконструкцијата која што нема да ги попречува домашните средби на Барселона подразбира и нов и полесен пристап од околните улици и булевари, како и дополнителни 3.500 паркинг места со подземна гаража. Реновирањето ќе се врши во неколку фази и би требало да заврши до почетокот на сезоната 2020/2021.
 

21 април 2016 - 16:52