Таг: израелско-палестински конфликт

„Сунѓер бомби“ тајното оружје на Израел за тунелите на Хамас

Веројатно едно од најхуманите оружја што Израел ќе ги употреби во војната против Хамас и нивните тунели ќе бидат „сунѓер бомбите“ чија главна намена ќе биде да ги затнуваат подземните премини што ги користат палестинските борци.

Истанбул излезе на улица да ја поддржи Газа

Ердоган е еден од најгласните светски лидери во поддршка на Палестинците и осуда на Израел. И на говори и на дело. За да покаже дека и Турците се со него, свика митинг во Истанбул.

Прегледување на видеото од нападот на болницата во Газа

Њујорк тајмс седнува и од ново го гледа видеото што израелски и американски високи функционери го наведуваат како клучен доказ дека смртоносната експлозија во болницата Ал-Ахли Араб е дело на залутана палестинска ракета. И не се баш сигурни во официјалната верзија.

50 израелски заложници веќе се мртви

До сега се убиени околу 50 луѓе од заложниците што Хамас ги киднапираше на 7 октомври, но не од нив туку од израелските воздушни напади на Газа, објавија Ал Касам бригадите на Телеграм. Хамас во нападот киднапираше најмалку 220 израелски државјани.

ИДФ најде гориво за хуманитарците на Обединетите нации

УНРВА агенцијата на ОН што им помага на Палестинците во Газа на Твитер се пожали  дека нема гориво заради израелската блокада и дека ако во скоро време не добие ќе мора да ја прекине својата работа. Неочекувано помошта им пристигна од Израелските одбранбени сили.

Хамас: Кабел си е кабел

Ќелијата на Хамас што го организираше најсмртоносниот напад на Израел цели две години успеала да му се скрие на израелското разузнавање комуницирајќи преку мрежа од жичани телефони поставени низ нивните тунели под Газа.

Израел реши да не им даде виза на ОН додека Гутереш не реши да го осуди Хамас

Затоа што Гутереш во својата реакција на Израел му изгледал како да го оправдува бруталниот напад на Хамас, државата одлучи дека ниту еден функционер на Обединетите нации нема да добие виза за да стапне на израелска земја.

Зошто малиот Нетанјаху уште е во Мајами?

На израелските војници кои волонтираа да се приклучат на војната против Хамас не им е право што синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и понатаму дреме во Мајами.

Инвазијата на Газа ќе биде посмртоносна од американскиот „пекол“ во Фалуџа

Иако се уште една израелска чизма нема стапнато во Газа, американските воени експерти почнаа да ја споредуваат најавуваната израелска инвазија на палестинската населба со пеколните битки што американската војска ги водеше во ирачка Фалуџа.

На Трудо не му успеа да ќари поени на уништувањето на Газа

Дојден за да одглуми колку му е грижа за палестинскиот народ со тоа што ќе се слика со локалните муслимани во Канада, Трудо за кратко време беше попратен од џамијата во Торонто со извици „срам“ и „носи си ги луѓето од тука“.

Како израелската безбедносна машинерија не успеа да го спречи нападот на Хамас

Кратко пред борците на Газа во саботата да упаднат во Израел, израелското разузнавање забележало дека нешто се случува во дел од мрежите на Хамас кои ги следи. Сфаќајќи дека е нешто невообичаено, тие испраќаат аларм до војниците што ја чуваат границата со Газа. Меѓутоа никој не реагира на предупредувањето, или затоа што војниците не го добиле или затоа што не го прочитале.

Вие мислевте на бебињата во Дрезден кога го бомбардиравте?

Поранешниот премиер на Израел, Нафтали Бенет, во разговор со британски Скај њуз го дочекуваат со прашања од типот што е со бебињата и старците во Газа. Бенет (кој уште во првите часови од упадот облече униформа и се пријави за служење) неќе ни да чуе, ако Хамас не мислел на нив, нема што Израел да мисли на нив.

Израел беше подготвен за друга војна

Три години Израел ја гради 65 километри долгата најмодерна, високо-технолошка бариера околу Газа, со сензори создадени за откривање на упадите од Палестинците решени да извршат тајни напади врз Израел. Во саботата Хамас со булдожери и останати најрудиментирани средства ја проби 6-метарската ограда и започна со фронтален напад кој е најголемо пробивање на границата од Јом Кипур војната од 1973.

САД ќе ја врзува помошта за Украина со помош за Израел?

Стратегијата е случувањата во Израел да се искористат за да се извадат пари за Украина и покрај противењето на републиканците на финансирањето на украинската војна.

Како Хамас со евтини ракети и дронови ја сруши израелската тврдина

Тоа што треба да се знае за ракетите на Хамас (Касам ракети) е дека се направено од индустриски цевки во приправени работилници и користат гориво кое е мешавина од шеќер и калиум-нитрат ѓубриво. Наспроти нив е едно од највисоките технолошки и одбранбени достигнувања - израелската Железна купола и одбранбениот ѕид кренат кон Газа.

Хамас ја префрли Пакс Американа во читанките по историја

Меѓународниот светски поредок е под повеќе стрес, на повеќе места, отколку во кое било друго време од хаотичниот период по завршувањето на Втората светска војна. Работата за спречување на неговиот колапс ќе биде повеќестрана, и таа само што започнува.

Дали Хуавеи го скри Хамас од Израел?

Во општото неверување дека е возможно на комплетното израелско разузнавање да му се случи ваков историски пропуст, една од теориите што се појави е дека успехот на ал-Касам бригадите делумно се должи на користење Хуавеи телефони.

Мухамед Деиф, човекот зад нападот на Израел

Човекот кој со децении се бори против израелската држава сега како командант на военото крило на Хамас (ал Касам бригадите) ја издигна својата борба на досега незамисливо ниво.

Ако некој знаел за нападот, тоа е Иранската револуционерна гарда

Во првите часови по ненадејната офанзива на Хамас против Израел излезе дека тоа што не го знаеше комплетната западна разузнавачка фела целосно и било познато и одобрено од Иранската револуционерна гарда.

Џејк Саливен, 29 септември 2023

Советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен, за време на Атлантик фестивалот 2023:  „Регионот на Блискиот Исток денес е потивок отколку кога и да било во последниве две децении.“

Најанти-арапскиот клуб во Израел - сага за љубов, омраза, фанатизам

Во август 2020-та Израел и ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) потпишаа историски договор за целосна нормализација на односите (кои никогаш не биле нормални). Во Тел Авив слета прв комерцијален лет на компанијата Etihad и следен чекор беше соработка во спортот.