Таг: интер

Најубавите голови на Алваро Рекоба во Серија А

Меѓу илјадници фудбалери кои го носеа дресот на Интер низ годините, еден играч тифозите посебно сакаа и ценеа. Уругваецот кој беше во сенка на Виери, Роналдо и Адриано, а даваше прекрасни голови.

Милан му најавува пекол на Интер во дербито

Со одлична серија од 7 победи и 3 нерешени, Росонерите во топ форма го пречекуваа градскиот ривал. Натпреварот не само што не е како и секој друг бидејќи е градско дерби, туку е и битка за 3/4 позиција. Милан има 51 бод, Интер 50. Момците на Спалети се ранети од ЛЕ, а Гатузо го има супер јануарското засилување по име Пјонтек. Жешка најава на Милан во пресрет на вечерната битка закажана за недела 20:30.

Како изгледаа 15.000 гостински навивачи на Ајнтрахт

Бундеслигашот од Франкфурт ја има најголемата поддршка во еврокуповите сезонава. 15.000 Германци го бодреа Ајнтрахт на „Сан Сиро“ во Милано и изгледаа неверојатно. Играчите им вратија на најубав можен начин.

Лука го исфрли Интер од Лига Европа, Арсенал надмоќен

„Топџиите“ рутински со 3-0 го совладаа француски Рен и се пласираа во 1/4 финале на ЛЕ. Виљареал глатко против Зенит, а во Прага и Лисабон се играа продолженија после кои испаднаа Динамо Загреб и Севиља.

Ајнтрахт во Милано ќе го бодрат 13.500 грла

Германските навивачи дефинитивно во моментов се број 1 на континентот. И по бројност, и по верност и по изданија. Тоа што го прават сезонава е лекција за сите останати.

Спалети, стави ја Ванда нека игра против Ајнтрахт на реваншот

Тренерот на Интер ќе има тешка задача да склопи екипа за реваншот со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа во четврток. По првите 0:0 во Германија, на „Меаца“ нераѕурите ќе бидат практично без пола екипа поради повреди и суспензии.

Гаљардини од Интер на мобилен му покажуваше за пеналот на судијата

Додека се играа две мега дерби средби во Англија меѓу Јунајтед и Ливерпул и Сити и Челси кои завршија досадно 0:0, во Италија Фиорентина и Интер одиграа луд меч со дури 6 погодоци.

Лига Европа: На ждрепката за Динамо најмногу се израдува Хајдук

По синоќешните натпревари во кои ги дознавме осминафиналистите, попладнево во Нион беше извлечена ждрепка за новата рунда во Лига Европа.

Манекенка со ретка појава ги промовираше новите дресови на Интер за дербито со Милан

Компанијата Nike, во чест на јубилејот 20 години соработка со Интер, на Неделата на мода во Милано го промовираше новиот дрес кој изгледа интересно.

Интер игра подобро без Икарди, детето на Челси конечно заигра и даде гол

По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.

Фудбалер на Рапид ќе патува во Милано за ЛЕ со копачки, ама и со кондоми

На вечерашните средби во Лига Европа во Милано не треба да се пази само Интер, туку и манекенките во Милано, бидејќи доаѓа фудбалер со двојни намери. Сака да погоди нешто и надвор од терен.

30 минути Роналдо во Интер

На „Џузепе Меаца“ поминаа илјадници играчи од целиот свет, ама ретко кој беше сакан и гледан како бразилскиот феномен.

Не сакам автограм од првиот голман на Интер, сакам од третиот

На Самир Хандановиќ, првиот голман на Интер и Даниеле Падели, неговата резерва на клупата им пришло едно дете кое барало автограм од третиот голман Томазо Берни за кој малку кој слушнал.

Како Инѕаги го доживеа последниот пенал на тв

Интер и Лацио одиграа доста драматичен финиш во четвртфиналето од Купот на Италија. По регуларните 90 минути, гостите поведоа преку Имобиле во 108-ма минута, а домаќините со помош на ВАР добија пенал во 121-ва за 1:1 и пенали. Лацио славеше со 4:3, а исклучениот Симоне Инѕаги збесна од радост во позадина. Се молеше кога Лукас Леива се местеше да го изведе последниот пенал. Какви стресни моменти се ова.

Роналдо - фудбалска ѕвезда со 3 жени и преку 200 љубовници

Од срамежливо и не баш симпатично дете кое не ги привлекувало девојките, Феноменот стана еден од најголемите плејбој фаци во градот на модата. А како поинаку кога се дружел со Бобо Виери.

Кој бил Џузепе Меаца?

Миланската фудбалска Скала е позната како „Сан Сиро“, но властите на градот во 1980-та година решаваат да го преименуваат по најголемиот фудбалски феномен на Италија до тогаш, а можеби и до денес.

Чудната сторија за фрлена лименка Кока Кола и дебаклот на Интер во Лига на шампиони

Во текот на целата фудбалска историја Италијанците ги бие глас дека се „намазани“, опасни глумци, а кулминација на оваа теза се случила на 20 октомври 1971 година во германскиот град Менхегладбах каде Интер бил потопен со 7:1 од Борусија.

Италија се дави во расизам, срамни испади на мечот Интер - Наполи

Просто неверојатно е на еден од најголемите и најубави стадиони во светот, миланската катедрала на фудбалот „Сан Сиро“ илјадници луѓе да испуштаат мајмунско-расистички крици кога топката во нозе ја има противнички црномурен играч.

Г`злаци на денот

Фудбалерите на Интер го добија Наполи 1:0 и тоа со гол во 91-ва минута, а гостите мечот го завршија со два црвени картони. Каква шанса испуштија на крај, ова е неверојатно. Анчелоти занеме. Во ваква ситуација најмногу профитира Јуве кој остана на +9.

Како Интер тргна од центар против Наполи

Мауро Икарди за влакно не стана најбрз стрелец во историјата на италијанскиот, а можеби и светскиот фудбал. По 3-4 секунди Интер можеше да води 1:0, резултат со кој славеше против Наполи во 91-ва минута.

Посебниот однос меѓу Мурињо и Интер, посебно со Матераци

Лучано Спалети не е кадарен тренер за успеси како оние на Специјалниот. Тоа го знаат навивачите на Интер и затоа сонуваа и уште сонуваат за негов кам бек на Меаца.

Татко на сезоната

Во саботата Интер играше дома со Удинезе и победи 1:0 со голот на Икарди од пенал во 76’ минута. Момент на мечот беше еден родител на трибините.

Тргна возот за Баку: Во Лига Европа паднаа Лацио - Севиља, Интер во Виена

Откако беше извлечена ждрепката за елитната Лига на шампиони, попладнево во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето на Лига Европа. Од нашите интернационалци, Стефан Ристовски ќе игра во пиринејскиот дуел со Виљареал, Елиф Елмас против Зенит, а Аријан Адеми против чешки претставник.

Го искинаа Интер од реметење за Модриќ

Бидејќи трансферот на хрватскиот ас летоска го најавуваа за завршена работа, кога Интер сезонава ќе загуби важен меч, го јаде на социјалните мрежи. Секогаш на ист начин и секогаш со замислен гол на Златната топка во судиското продолжение.