Манекенка со ретка појава ги промовираше новите дресови на Интер за дербито со Милан

Компанијата Nike, во чест на јубилејот 20 години соработка со Интер, на Неделата на мода во Милано го промовираше новиот дрес кој изгледа интересно.

Необичниот дрес го презентираше манекенката Вини Харлоу - 24-годишен модел од Канада која има витилиго. Витилиго е болест при која од кожата опаѓа пигментот и на некои делови обелува. Причините и способноста за борба со витилиго уште не се познати во медицината.

Убавата Харлоу во Милано дошла во новиот дрес на Интер а потоа го носела и на подиумот за време на ревијата на Byblos. Тоа е италијански бренд основан во ’70-те во кој некогаш како млад работел и Џани Версаче.

Овој посебен дрес на Интер е составен од неколку елементи од претходните гарнитури дресови во кои „нераѕурите“ играле во последните 20 години.

Сезона 2017/2018

Сезоната 2009/2010

Сезона 2014/2015

Сезона 2006/07

Nike сличен мешап-дрес направи и во ноември за Барселона. Каталонците не играа во овој дрес, а Интер според информациите на Corriere dello Sport, ќе ја надене оваа униформа на 17 март за големото дерби со Милан.

ХАЛОУ ЈА ЗАКАЧАЛЕ ВО ШКОЛО, А СЕГА Е МОДЕЛ НА SPORTS ILLUSTRATED

Во детството канадскиот модел често била предмет на исмевање во школо, поради надворешниот изглед ја викале зебрата.

Симпатичната Халоу не можела да се носи со тоа и не го завршила образованието. „Многу деца кои имаат некакви растројства (освен витилиго), се соочуваат со ужасни исмевања и изживување“, рекла еднаш манекенката.

Вини Харлоу е нејзин псевдоним. Правото име и е Шантел Браун-Јанг. На 16 години таа се појавила во видеото за кампањата Natural Me на канадската новинарка Шенон Будрем.

Спотот е посветен за почитување на надворешниот изглед на лицата со слични проблеми како Вини. Новинарката Будрем дури и ја убедила Харлоу да појде на шоуто „Американски топ модел“.

„По снимањето, Шенон ми се јави и ми кажа дека треба да продолжам да се занимавам со модниот бизнис затоа што камерата ме сака. Таа сериозно не веруваше дека ова ми е прво снимање во животот“, рекла Вини.

Водителката на шоуто, Тајра Бенкс ја видела Вини во спотот Natural Me и ја поканила да гостува во шоуто „Американски топ модел“. Вини го освоила шестото место, но станала многу позната.

Веднаш после тоа шоу таа станала фото-модел на шпанскиот бренд Desigual.

Во есента минатата година Вини потпишала договор со Victoria's Secret.

Во 2019 година Харлоу дебитираше во најпознатиот спортски магазин во кој фото сесија во капачки костим имаат познати спортистки:

22 февруари 2019 - 11:58