Во првата рунда од последното коло на Лига на шампиони познати се учесниците во следната рунда. Тотенхем успеа во намерата да спаси кожа на „Камп Ноу“, Интер разочара со ПСВ.
Иако е млад, има само 21 година, сепак Осман Дембеле знае да ги праќа постарите по бурек. На Вечино му рече оди по четврт со сирење, а на Брозовиќ со месо. Овие синхронизирано заминаа.
Италијанските клубови генерално имаат проблем низ годиниве со полнење на стадионите и во посетеноста каскаат многу зад Англичаните и Германците, каде културата и организација се на друго ниво. Интер се двои по овие параметри и гази со бројки.
Многумина го паметиме како фантастичен техничар и брзо лево крило кое се прослави на „Сантијаго Бернабеу“ а и како човек кој ја почна акцијата за феноменалниот гол на Зидан со Леверкузен во Лига на шампиони.
Нема година а датумот на „Ден на вештерките“ да не биде искористен за заебани пранкови во големите европски клубови. Така беше и во Апијано Џентиле, тренинг базата на Интер каде го окркаа Борха Валеро, Падели и Кандрева.
Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.
Со примената на филозофијата на Пеп Гвардиола. освен првиот тим, секоја категорија во академијата на Барселона морала да се прилагоди на новиот начин на игра. Во таквиот систем имало место за Ибрахимовиќ, ама не и за Икарди кој ги спакувал куферите и си отишол.
Во првиот дел од миланското дерби фудбалерот од среден ред на Интер и на репрезентацијата на Хрватска, Марсело Брозовиќ здобил повреда на бутниот мускул. На полувреме не сакал да излезе од игра и за да не му се олади мускулот решил да вози на статичен точак. Излегол на терен во второто полувреме и истрчал вкупно 12,5 километри.
Двестедваесет и второто издание на Дерби дела Мадонина поубаво изгледаше на трибините отколку на теренот. Навивачите на Милан и Интер со недели работеле на преубавите кореографии кои ги кренаа синоќа на „Сан Сиро“.
Икарди и Наинголан го решија ПСВ во второто коло од ЛШ, ама потегот на мечот го направи Политано кој успеа жива да фати една чаша со малку пиво, да ја поднасмее публиката и да му ја понуди на судијата. Браво и за камерманот.
Пабло Росарио од ПСВ, Гроенвелд од Бриж и Наинголан од Интер постигнаа прекрасни голови кои ќе конкурираат за најубав погодок на колото во цела Лига на шампиони.
Во второто коло од ЛШ во групата Б, во среда од 21:00 часот ќе се сретнат ПСВ и Интер, две поранешни екипи на еден од најдобрите фудбалери во историјата, кои сакаат да знаат за кого ќе навива „Ил Феномено“.
Покрај Црвена звезда која 27 години не играла во Лига на шампиони, долги години (вкупно 6) чекаа и навивачите на Интер кои синоќа бурно го прославија триумфот над Тотенхем со два гола во последните минути од мечот.
Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.
Новата сезона во фудбалската ЛШ почна за мерак со 7 гола на првите две средби во новиот термин од 18:55. Фудбалерите на Интер се изборија за лудачки пресврт против Тотенхем кој имаше водство од 0:1 до 86-та минута. На Камп Ноу ПСВ настрада убедливо, а Меси постигна хет-трик..
Вечерашниот двобој во ЛШ меѓу Интер и Тотенхем, не врати на еден нивен дуел од пред 8 години, кој впрочем е и последен. Италијанскиот состав кој беше актуелен европски првак ги намачка на леб Англичаните за околу половина час игра, арно ама во второ видоа доста зорт.
Другпат во обидите да направат нешто иновативно претеруваа па наидуваа на критики, ама последниов обид им е сосема океј. Ако ги занемариме циркусите бои, замислата им е фина.
По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.
Имаме скопска љубов со миланско градско ривалство. Фани е за Милан, Марија за Интер, а една од првите тестови за тоа дали вистински се сакаат ќе биде толеранцијата кон плакарот, кој ќе држи дресови од две екипи кои воопшто не се сакаат.
Како ретко кога вљубениците во италијанскиот фудбал имаат многу адути за на маса кога ќе дискутираат со оние кои, додуше со право, слепо им веруваат само на Премиер лига и шпанска Примера.
Откако и официјално Кеита Балде потпиша со Интер, во мода се врати едно старо видео од 2005 година каде малиот Сенегалец тренирал во школата на Барселона каде главен играч беше Ето.
Тивкиот и повлечен Лука Модриќ не би можел да опстане во светот на менаџерските хиени ако крај него не била таа - русокосата Загрепчанка која детството го поминала во канцелариите на Максимир.
Интер лека полека го крчка составот за Лига на шампиони и на тема засилувања за сега е на одличен пат. Дел од навивачите беа скептици дека Икарди е дораснат за капитенската лента, ама со потегов ги купи сите.