И покрај тоа што Интер веќе осум години како е оддалечен од ерата на освојување трофеи со Мурињо и од тогаш нема ништо ново сместено во витрината, сепак овој клуб може да се пофали со верност како никој друг во Италија.
Не дека Јуве ја нема, бидејќи Алијанц Стадиум крца на секој меч, но нивниот приватен стадион собира 41.000, а на Интер 30 и кусур илјади повеќе и пак успева да го наполни.
Нероаѕурите денеска се пофалија со историски податок за италијанскиот фудбал, а тоа е дека успеале да стигнат до рекордна заработка на карти од 5,8 милиони евра.
Поводот се знае кој е, на Џузепе Меаца вечерва гостува Барселона во 4. коло од ЛШ, а клубот за овој натпревар успеал да продаде 73.000 влезници.
Досегашниот рекорд го држеше токму Интер, но го делеше со Рома, а изнесуваше ќар од 5,2 милиони евра за средбите Интер – Јувентус (Серија А) и Рома – Барселона (ЛШ) одиграни минатата сезона.
По три кола, Барселона е лидер во групата Б со 9 бода, Интер има 6, а ПСВ и Тотенхем по еден.
Интер е број 1 во однос на посетеност на натпреварите и во домашното првенство со напредок во однос на лани. По 11 кола во Серија А минатата сезона имале просечен број на гледачи од 58.360, а сега по исто толкав број на натпревари се повторно рекордери ама во просек со 61.677 гледачи.
Ниту во времето на Жозе Мурињо кога во сезоната 2009/2010 ја освоија тројната круна, немаше толкава треска за карти како што е сега.
Изгледа дека Фејсбук парадерите и оние ај бе си ја гледам дома на топло, за верност треба да учат од навивачите на Интер.
Con oltre 5.8 Mln di Euro, #InterBarça di domani farà registrare l’incasso più alto della storia per una squadra italiana #UCL #FCIM
— Inter (@Inter) November 5, 2018