Клипот е прост како грав. Го гледаш и во листата се вратат 10-те клубови кои трошеле најмногу пари во последниве 28 години. Значи се собираат парите од сезона во сезона и вкупната сума постојано им расте, а на крајот остануваат топ 10 трошаџии.
На почеток на 90-те прва во трошење пари се истакнува Барса која се трка со три италијански екипи. Потоа се вмешува и Реал, но за брзо време се забележува како Интер се одлепува со доаѓањето на Морати. Паралелно со него заби покажува и Лацио со газда Крањоти кој во тоа време ги пазареше најскапите играчи во историјата на клубот.
Ако ја следите табелата добро, ќе забележите дека Интер троши најмногу пари за засилувања од 1997/1998 па се до 2004/2005 кога на сцена стапува рускиот тајкун Абрамович. Четири сезони потоа на местото на Челси се појавува Реал Мадрид.
Кралевите го држат приматот од 2007/2008 до 2016/2017. Пред две сезони лидери стануваат тоа нафташите кои спијат на пари. Манчестер Сити е клубот со најмногу потрошени пари во историјата на фудбалот, а тоа се 1,3 милијарди евра.
Сега ќе ви кажеме и за насловот. Овие 10 клубови со најмногу потрошени пари, заедно скурцале за играчи скоро 9 МИЛИЈАРДИ евра. Значи МИЛИЈАРДИ.