Таг: германски фудбал

Традицијата во Германија која не дозволува шеици и магнати да купуваат клубови

Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.

Капитенот на Арсенал на кого му е смачено од фудбал

Секој пат на 4-5 минути до почетокот на мечот тој чувствува нагон за повраќање. Кога ќе ја заземе својата позиција, околу него сите урлаат и должен е пак да се бори како гладијатор до крајни напори цели 90 минути.

Најслабата посета на Дортмунд во последните 20 години - поради бојкот

Предминатиот понеделник преку 40.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт бурно протестираа против фудбал во понеделник, термин што фудбалската федерација на Германија сака да го протне на мала врата.

Како во Германија протестираат против фудбал во понеделник

Без разлика кое место на табела е нивниот тим, навивачите во Германија се солидарни во борбата против понеделнички фудбал зошто го сметаат за несоодветен термин.

Колкави биле казните за глума порано?

Во славната генерација на Борусија Дортмунд во 1995-та играше и Андреас Милер кој за оваа глума што ќе ја видите на видеото беше казнет: 2 лигашки меча, 10.000 германски марки и на определено време тргнат од репрезентацијата.

Сериозно луда конкуренција за најубав гол во Бундеслига

Макс Арнолд од Волфсбург, Леон Бејли од Баер Леверкузен (х2), Хамес Родригез од Баерн, Кагава од Дортмунд и уште неколку играчи поставија сериозна задача во изборот за гол на месец јануари во германската Бундеслига.

Парола во центар на навивачите на Баерн за Румениге и Катар

Минатиот викенд Баерн Минхен со 4-2 го совлада Вердер Бремен во Бундеслига, а мечот беше прилика и најверните навивачи на Баварците од Südkurve (Јужна трибина) да кажат што мислат за договорите кој нивниот клуб ги има со Катарците.

Детето кое направи сите во Германија да заборават на Филип Лам

За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.

Што треба да знаеме за главниот германски напаѓач во моментов?

Напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер е најдобриот германски бомбардер во последните две години (29 гола во бундеслига). Има само 21 година а ја игра петтата сезона во професионалниот фудбал. Прва желба е на Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Најлудиот меч на сезоната се одигра во Германија

Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.

Знаете ли за играчот кој одиграл само 38 секунди во Бундеслига

Веројатно никогаш претходно не сте слушнале за овој фудбалер. Јозеф Лауман - син на Германец и Мароканка, роден во земјата на мајка му и преселен во германскиот Хаген на 10 години. Ја грееше клупата во најдобриот Шалке.

Документарецот за Баерн Минхен

Од претседателот на Баерн Минхен па се до еден верен навивач на овој клуб од фавелите во Рио - документаркава има 13 ликови од 9 земји кои објаснуваат што значи „Mia san Mia“ феноменот. Трае саат и пол и секоја сцена вреди внимание.

21.000 гледачи на дуел од четврта лига

Во четвртиот ранг од хиерархијата на германскиот фудбал се постави нова рекордна посета: мечот Аугзбург II - Минхен 1860 го гледале 21.219 гледачи што е незамислива посета за многу други големи европски лиги.

Најлудиот гол викендов

Падна на мечот Алеманија Ахен - Вуперталер (4-1) во германската лига Запад. Го даде Липолд кој на домаќинот му донесе дуплирање на водството.

Замената за Анчелоти се издал дека ќе биде тренер на Баерн

Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.

Кој е новиот тренер на Борусија Дортмунд

За разлика од студениот Тухел, Петер Бош носи лавина емоции, чудни гримаси, тензија и пресинг на теренот, расправии со судиите и сè она што во Дортмунд го немаше по заминувањето на Јирген Клоп.

Кина У-20 ќе игра во четврта германска лига

Младинската репрезентација на Кина во новата сезона ќе игра во германска Regionalliga Sudwest: Ќе им дадат по 15.000 евра на 19 клуба и само ќе гостуваат.

Најмотивирачки говор во сезоната за чудесна победа

Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.

Германскиот тим кој излезе со 11 првотимци со исто презиме

Да одмориме малку со Лига на шампиони и да видиме што се случува во нисколигашкиот фудбал од каде често излегува по некоја анегдота, смешка или тешка местенка. Има таму мастраф со разно разни нетипични фудбалски случувања.

За во младинска лига ова е гол на столетието

Омер Акбел има само 18 години и е дел од младинските лиги во Германија. После ваква реакција од прва на корнер, не веруваме дека ќе крене раце од скаути.

Шанса за Македонија, ФИФА воведува Мундијал со 48 земји

Идејата на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино за Светско првенство со 48 репрезентации поделени во 16 групи по три селекции веројатно ќе биде разгледувана на Конресот на ФИФА утре во Цирих.

Избркајте го од фудбал и дајте му ја најмалата улога во театар

Следете го фудбалерот со број 20, кој до толку е глуп што ќе се обиде да изнуди фаул од судијата. Глумачка налудничавност како што не сме виделе до сега во фудбалот. Што очекуваше? Судијата да му досуди фаул, а тој сам на себе да си додели црвен картон? Инаку потоа ќе направи уште една глума, а на театралното паѓање ќе се приклучи уште еден негов соиграч.

На 43:0 во фудбал полицијата во Германија апси

Кога се мести, а викаат дека се мести многу, особено во пониските лиги, ги местат 3+, 4+, полувреме/крај и сл. ама овие во Германија не знаеле кај тераат бидејќи како што знаеме во кладилница нема опција за 43+ нели?

Ибра дојди кај нас, ќе те направиме крал

Шведскиот репрезентативец долго време силно се поврзува со Манчестер Јунајтед каде би работел со неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, но во меѓувреме му стигна необична понуда од Германија.