Нисколигашот Рот-Вајс Оберхаузен му понудил договор на Златан Ибрахимовиќ веднаш откако на напаѓачот му заврши со Пари Сент Жермен.
Полу-професионалниот клуб кој се натпреварува во Регионалната лига Запад не може да ги задоволи неговите финансиски барања, но затоа понудата изобилува со детали кои ќе му го масираат егото на Златан.
На Ибрахимовиќ му се понудени клучеви од градот, вклучен е и реонот Ебертбад, место за концертни настани, театарски претстави и разни културни манифестации. Ако прифати Ибра на тој простор би добил и огромен базен за да плива, пишува Гол.
Поимпресивно е тоа што градот Оберхаузен му ветил на Ибрахимовиќ воведување монархија чијшто крал би бил токму корпулентниот центарфор.
Електраната Ево која што допремува струја во градот ветила бесплатна електрична енергија во неговиот дом, фамозното локално пиво КонигПилсенер ќе било ре-брендирано во Ибрахимовиќ-Пилсенер, а трговскиот Братвурст ќе го преименувале во Шведен-Хапен.