Парола во центар на навивачите на Баерн за Румениге и Катар

Минатиот викенд Баерн Минхен со 4-2 го совлада Вердер Бремен во Бундеслига, а мечот беше прилика и најверните навивачи на Баварците од Südkurve (Јужна трибина) да кажат што мислат за договорите кој нивниот клуб ги има со Катарците.

На почетокот на месецов Карл-Хајнц Румениге, извршниот директор на Баерн Минхен изјавил дека на средбата со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмунд Габриел добил уверувања дека Катарците ги подобриле условите за организацијата на Светското 2022. Навивачите потсетија на проблемот со големиот број загинати работници и мизерните услови во кои живеат додека ги градат стадионите во Катар:

„Состојбата на работниците во Катар е подобрена низ фудбалот“, иронично стои на паролата до која е нацртан ликот на Румениге со домати преку очилата.

Баерн Минхен соработува со неколку катарски компании за унапредување на фудбалот во таа земја. Минатото лето Роберт Левандовски во едно интервју отворено ја критикуваше управата што ги приморува играчите да играат пријателски и ревијални средби на пеколни температури сред лето во Катар.

Во 2013-та репутацијата на Баерн беше нарушена откако Румениге беше казнет со 250.000 евра зошто не пријавил два златни Ролекс часовници кои ги добил како подароци во Катар. Баварците пред неколку години потпишале богат договор за спонзорство со Катарскиот аеродром „Хамад“ во Доха.

 

23 јануари 2018 - 12:21