Марко Квиотек кој брани за германскиот нисколигаш Оберхаузен синоќа беше приведен од страна на германската полиција за време на тренингот, односно пет дена по завршувањето на средбата со Вондерорт.
За клубот и соиграчите посетата на полицијата која го однесе во станица е мистерија, но според пишувањата на германските медиуми причината е јасна, Марко прими 43 гола на еден меч.
„Резултатот од последниот натпревар беше тежок за прифаќање. Не сакам повторно да се повтори“, изјавил голманот по средбата.
Тренерот и директорот на Оберхаузен не добиле известување од кои причини го привеле нивниот голман, а на Фејсбук добиле над 500 пораки за поддршка.
„Прво прими 43 гола, а потоа го приведоа. Ние сме во мрак, полицијата не ни кажува за што се работи, а Марко е недостапен на мобилен“, вели директорот Кристијан Шроер
Штета што нема хајлајтс од мечот за да видиме како бранел Марко.