Таг: германија

Филм после кој гледачите гласаат дали главниот лик треба да биде осуден

Звучи како мисловен експеримент од применета етика - дали би собориле полн патнички авион за да спасите повеќе луѓе на земјата? Слично прашање им е поставено на гледачите по прикажување на филм во кој главниот јунак го прави токму ова.

Бегалецот од Гамбија даде гол за Вердер Бремен

За младиот Осман Мане, дете на бегалци од Гамбија кое одлично игра фудбал пишувавме лани. Викендов Осман (19) го постигна победничкиот гол за Бремен против Баер Леверкузен. „Дали е ова реално. Мислам дека сонувам. Не можам да ја опишам радоста“, изјави Мане веднаш по мечот со Баер.

Голчиште со асистенција на пречката

Тоа што го има како инфо за видеово е дека за работи за извесен Амир Мохра од клуб по име Тур Абдин кој е дел од 8-та германска лига. Но најавата воопшто не е битна кога се работи за анонимен лик, битно е да видите што му успеа.

Убавиот гест на бундеслигашот Дармштад

Џонатан Хајмс кој ја загуби 14-годишната битка со ракот, бил еден од најверните навивачи на бундеслигашот Дармштад клуб кој сега реши да го преименува стадионот по него.

Од Германците ќе се бара да складираат „брашно, зејтин, свеќи“

За првпат по Студената војна, Германија ќе побара од своите граѓани при рака да имаат 10 дневни залихи за недајбоже.

Магија на Нејмар, Бразил е олимписки шампион

За првпат во историјата, петкратниот светски шампион Бразил стана и олимписки првак. Финалниот меч против Германија се реши на пенали, а решавачкиот гол го даде Нејмар за тотална еуфорија во Бразил.

Германското разузнавање предупредува на ИСИС меѓу бегалците

Разузнавачките служби за Бибиси тврдат дека имаат докази дека "одреди на смртта" од ИСИС се инфилтрирале во земјата преправени како бегалци.

Германија заработи над милијарда евра од пари што ги должи

Издавањето обврзница се базира на тоа дека на тие што и дале пари на државата кога и требало, кога ќе дојде време за наплата парите ќе им бидат вратени со камата. Ама ако си Германија можеш да издадеш обврзница со негативна камата, што значи дека инвеститорите ќе добијат помалку пари отколку што дале за да ја купат обврзницата.

Над 400 полицајци во рација на радикална џамија во Германија

Ноќеска германската полиција изврши рација во џамија во градот Хилдесхајм, и во осум станови на членовите на бордот на организацијата која управува со џамијата, откако тие се идентификувани како жариште на радикалниот салафизам во Германија.

Нападите што ќе ја променат Германија

4 напади за 11 дена неизбежно ќе ги натераат Германците да ги преиспитаат своите ставови околу некои работи кои иако никој не веруваше дека се решени, сите успешно ги избегнуваа, пишува германскиот печат.

За една година цела Македонија во Германија

Минатата година во Германија влегле повеќе имигранти од кога и да е до сега, покажуваат официјалните бројки објавени во четвртокот. Рекордот што го поставува 2015 е 2,14 милиони новодојденци.

Колку само боли кога ќе примиш гол во продолженија

Трезеге на Италијанците им го даде во 103-та минута на ЕП 2000, Иниеста на Холанѓаните во 116-та на СП 2010, Едер пред три дена во 109-та на Французите, а на денешен ден пред две години Марио Геце во 113-та на Аргентинците. Тоа се историски видео парчиња кои со години ќе се прераскажуваат и ќе се одбележуваат.

Франција оди во финале, Гризман брои до 6 гола

Франција - Португалија е финалето на 15-то Европско првенство кое се игра на француско тло. Германија не успеа да го оствари сонот и Светската титула да ја спои со Европска. Пречка беше Антоан Гризман кој погоди од пенал, а во второ полувреме собра еден отпад. Германците го торпедираа голот на крај, но неуспешно.

Тешко на Португалија со оваа статистика

Противникот на Португалците во финалето, кој и да биде, по традиција редовно бил подобар, а тоа го докажува статистиката која целосно е на нивна страна.

6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.

Епската 119 минута меѓу Италија и Германија

Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.

20 години од првиот Златен гол на Европско првенство

На 30. јуни во финалето на ЕП 1996 на Вембли се сретнаа Германија и Чешка. Во мечот кој заврши 1:1 во регуларните 90 минути, се одеше кон продолженија каде Оливер Бироф го постигна првиот Златен гол на едно големо натпреварување. Правилото, кое на многумина им делуваше глупо значеше оној кој ќе даде гол во продолженија е победник и мечот завршува без доигрување на останатото време. Тоа беше и прв голем пехар за обединета Германија.

Седум причини зошто Италија нема шанси со Германија

Германскиот весник Билд образложува зошто Светскиот првак ќе ги мине Азурите во четвртфиналето на ЕП. Една од нив е дека се арогантни и имаат голема самодоверба по победата над Шпанија.

Главните навивачки на Европското 2016

Најубавите моменти не се на теренот, туку на трибините во Франција од каде девојките и сопругите на фудбалерите ги гледаат натпреварите во живо.

Кога ми се јавија од репрезентацијата бев на час

Младите ведети на германската репрезентација, Јулијан Дракслер и Јонас Хектор играат одлично Европско првенство, иако до пред неколку лета не помислувале дека може да го носат дресот на Мајншафт.

Рутинско осминафинале за Светскиот првак

Селекцијата на Германија не дозволи никакво изненадување во петтата осминафинална пресметка на ЕП 2016. 18:7 во шутеви кон гол, конечен резултат 3:0. Во четвртфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Италија и Шпанија.

Како Билиќ го работеше Матеус во студио

Колку неговите доминираат на теренот, толку Билиќ се забавува во телевизските студија. Најпрвин маестрално го прослави голот на Димитри Паје, а сега го потсети Матеус колку загубиле од Хрватска на СП 1998.