Седум причини зошто Италија нема шанси со Германија

Германскиот весник Билд образложува зошто Светскиот првак ќе ги мине Азурите во четвртфиналето на ЕП. Една од нив е дека се арогантни и имаат голема самодоверба по победата над Шпанија.

- Затоа што го имаме Боатенг. Ѕвездата на Баерн Минхен е во врвна форма, тоа го докажува со настапите, не само во одбрана, туку и во напад како против Словачка.

- Затоа што знаеме како да го елиминираме Конте. Репрезентативците кои играат за Баерн Минхен го елиминираа Јувентус под водство на Конте во четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013.

- Затоа што Кедира им ја познава одбраната. Фудбалерот од среден ред игра во Јуве и ги знае тајните на Италија, посебно одбранбените механизми на Барцаљи, Бонучи и Кјелини.

- Затоа што Лев овој пат нема да погреши. Неговиот избор на играчи како Гомез, Дракслер и Кимик се покажа како добар. Грешките што ги направи во полуфиналето на ЕП 2012 кога загуби токму од Италија нема да ги повтори.

- Затоа што Буфон му се поклони на Нојер. Капитенот на Италија, голман со неспорна светска класа му честиташе на својот колега: “Без сомнение, тој е подобар од мене, млад е и импресивен“.

- Затоа што Италија е арогантна. Италија е многу самоуверена и тоа им е во традицијата, а сега има поголема самодоверба по победата против Шпанија.

- Затоа што се врати Гомез. По извонредната сезона во која постигна 25 гола за Бешикташ и ја освои титулата, Лев реши да му даде втора шанса и до сега довербата се исплатеше. Марио Гомез се врати во форма.

Сигурен во победа е и Милер кој изјави:

„Овој пат Италија ќе плаче, оптимист сум. Ќе биде тешко, но го имаме решението за победа“.

30 јуни 2016 - 12:39