Таг: фк вардар

За доброто на Вардар

Кога си тренер на Вардар, прагот на толеранција е многу понизок. Целава работа мора да се сопре пред да биде премногу касно. Неуспех или не дај Боже пораз против Пелистер значи дека можеш слободно да ја прифатиш работата во Манчестер.

Каде е, што прави Осеи Кофи?

Модниот дизајнер од Гана кој беше најавен како екстра засилување за македонскиот фудбалски шампион, Осеи Кофи си замина од ФК Вардар, а луѓето од нашиот најтрофеен клуб сакаат што е можно побргу да го заборават и избришат неговото име.

Вардар е најдобро рангиран македонски клуб во Европа

На ранг листата со 721 клубови од првите лиги на сите европски држави, ФК Вардар ја завзема 476-та позиција и е најдобро рангиран македонски клуб. На првото место е Барселона, пред Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Најфудбалскиот ден ги оправда очекувањата

Барселона и Реал Мадрид ни приредија спектакуларно „Ел Класико", Милан и Интер одиграа уште едно напнато „Дерби дела Мадонина", „Ле Класик" во Франција полно со возбудувања и голови, московското дерби и припадна на ЦСКА, Порто ја продолжи мизеријата на Спортинг, Фенербахче ги декласираше комшиите, Шкендија го совлада шампионот...

ФК Вардар пропушти најмалку 11 милиони евра

По елиминација на Вардар, белорускиот БАТЕ Борисов се наоѓа на чекор до пласман во групната фаза од Лигата на шампиони каде само за „добродојде" од УЕФА ќе ги пречека чекче од 11 милиони евра.

Изостана европското чудо на Вардар

Заврши кратката одисеја на Вардар во Европа. Македонскиот шампион одигра без голови со Бате Борисов и по осум години остана без победа во европско натпреварување.

65 години ФК Вардар

Вардарци од денес почнуваат да слават, а се надеваме дека славјето ќе продолжи и во среда со елиминацијата на Бате Борисов. На денешен ден во 1947-та година е формиран ФК Вардар, најпознатиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб.

Вардар преку Бате до Скендербеу или Дебрецин

Македонскиот фудбалски шампион доколку успее да го елиминира белорускиот Бате Борисов, во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Скендербеу и Дебрецин.

Несреќен пораз, но достижна негатива за Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ја пропушти шансата со предност да се врати од гостувањето во Белорусија. Со неверојатен пресврт за две минути во судиското продолжение, Бате Борисов го совлада Вардар со 3:2.

Повторно цел град бруи за Вардар

Што и да правите денеска гледајте да завршите до 6. Сетете се на деновите кога со нетрпение ја чекавте секоја утакмица на Вардар. Сетете се на Данди, Динамо Букурешт, Порто... Сетете се на ЦСКА Москва, само како доказ дека чуда се случуваат. Како доказ дека Давид може да го легне Голијат.

Вардар против БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ

ФК Вардар го доби најнепосакуваниот противник. Во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони ќе се сретне со екипата на БАТЕ Борисов од Белорусија.

Скопје има црвено-црно срце

Ако некој пред само една година ми кажеше дека оваа недела Вардар ќе прославува шампионска титула стварно ќе му се насмеев у фаца.

Вардарци слават по пауза од 9 години

Конечно повод за славје кај вардаровата армија на навивачи. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб по пауза од девет години повторно се искачи на тронот.