Имаат најголема гледаност, најскапи тв права, најскапо платени фудбалери и во моментот кога изгледаше дека никогаш не биле подобри, стигна демант од Европа. Често ги потценуваат противниците и не играат со најдобри состави во Европа, а тоа скапо ги чини.
Синоќешните натпревари од Лигата на Европа изобилуваа со голови, шанси, пенали, нереди и пантерски реакции на голманите. Ињаки Вилијамс стана првиот црн играч во историјата на Билбао што дал гол за баскискиот клуб.
Клубовите како Ливерпул, Интер и Тотенхем можеби ќе треба посериозно да играат во Лига Европа, затоа што истата носи извонредно повеќе од порано и е сè поблизу до „постарата сестра“, Лига на шампиони.
Со шест натпревари и 15 голови вчера се затвори 25. коло од Премиер лигата. Челси на крајот го совлада Евертон со голот на Вилијан, а убедливи беа двете екипи од Манчестер. Граѓаните славеа 4:1 на гости кај Стоук, а Јунајтед дома 3:1 против Барнли.
Во најдобрите европски лиги, викендов ќе се одиграат неколку дербија, од кои повеќето се градски. Во Англија, Ливерпул ќе му гостува на Евертон, а Арсенал на Тотенхем. На Пиринеите, Атлетико и Торес повторно го чекаат кралскиот клуб. Дерби и во Италија и Португалија.
Во сабота се игра големото градско дерби во Ливерпул на Гудисон Парк, каде домаќините ќе ја откријат комеморативна плакета во знак на сеќавање на 96-те загинати навивачи на Ливерпул во 1989. година.
Во третото коло од ФА купот, Вест Хем го победи Евертон после 20 изведени пенали. На крајот решаваа двајцата голмани, а победникот го одлучи домашниот, Адријан. Шпанецот ги фрли ракавиците и во голем стил го совлада колегата од Евертон, за славје на Аптон Парк.
Во водечките лиги во Европа викендов се играат последните кола пред зимската пауза. Во некои од тие лиги има играчи и тренери што ќе ги уживаат празниците, а има и такви што сериозно ќе размислуваат за својата иднина во друга средина.
Трансферите на фудбалерките обично не поминуваат со многу фама, сликање и пресови, но за овој навивачите на Евертон ширеа фотки и се погрижија брзо да се дознае. Се работи за Лаура Мерин, 19 годишен лев бек од Нов Зеланд. Навива за Манчестер Јунајтед, а ја одбиле на пробата во Блекбурн.
Историја, традиција, радост, тага, легенда или со едно име Енфилд Роуд. Стадионот на кој се одржуваат комеморации, прослави на титули и разни манифестации поврзани со Ливерпул, градот кој живее за фудбалот.
Фудбалерите на Евертон го наполнија Њукасл на гости со три парчиња, а големиот триумф го најави 20 годишниот Рос Баркли кој претрча повеќе од пола терен со топка и потоа имаше сила и да ја забие во агол.
Еден навивач на Евертон од Малезија кој 30 години навива за клубот, го помина пола свет и пристигна во Англија за прв пат во својот живот да ги гледа своите миленици, но натпреварот со Кристал Палас му го одложија заради невреме.
Викендов во Премиер лигата ќе се одигра Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, натпреварот кој е познат како пријателско дерби на трибините со фамилии поделени на „црвени" и „сини", но најнедисциплиниран дуел на теренот.
Додека екипата на Челси се мачи со реализацијата, а нивните напаѓачи оваа сезона немаат постигнато ниту еден гол, „непотребниот" Лукаку блеска во Евертон каде од него се плашат дури и соиграчите.
Откако Премиерлигашот Евертон пред неколку месеци најави дека ќе го менува логото, навивачите ги натераа челниците на клубот да им се извинат и да ги консултираат нив пред да ја направат 11. промена на логото во 135-годишната историја.
По строгиот Шкотланѓанец кој скоро три декади беше главна фаца на „Олд Трафорд", Црвените „Ѓаволи" добија уште построг тренер кој е и негов сонародник. Кога Бекам почна да се прави фраер, Фергусон му ја пукна аркадата со копачка и го набрка, а од напорните тренизи на Мојс фудбалерите повраќаат.
По заминувањето на Дејвид Мојс кој за 11 години престој во Евертон одлично го водеше клубот и не дозволувше да падне во долниот дел од табелата, сега навивачите имаат и други маки. Евертон е на продажба, а тие бараат нов газда да биде поранешната ѕвезда на Битлси.
Управата на фудбалскиот клуб Олдам им забрани на нивните играчи да менуваат дресови со фудбалерите на Евертон по натпреварот од ФА купот затоа што третолигашот бил во криза со опрема.
8.000 Дедо Мразовци ја истрчаа трката на 5 километри низ улиците на Ливерпул чија цел беше собирање пари за хуманитарни цели. Но тврдокорните навивачи на Евертон не сакаа да се облечат во боите на нивниот градски ривал, па трчаа во сино.
Екипите на Ливерпул и Евертон се огромни ривали на теренот, но надвор од него помеѓу навивачите на двата клуба постои взаемна почит, а тоа денес повторно се докажа. Пред почетокот на натпреварот против Њукасл, Евертон им оддаде почит на 96 навивачи на Ливерпул кои загинаа пред 23 години на Хилсборо.