Таг: евертон

Потег на неделата

Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ... можат вода да му носат на Дарен Гибсон од Евертон за неговиот потег против Манчестер Сити.

Респект од лутиот градски ривал

Екипите на Ливерпул и Евертон се огромни ривали на теренот, но надвор од него помеѓу навивачите на двата клуба постои взаемна почит, а тоа денес повторно се докажа. Пред почетокот на натпреварот против Њукасл, Евертон им оддаде почит на 96 навивачи на Ливерпул кои загинаа пред 23 години на Хилсборо.

Шарко - прв стрелец на Евертон

Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс пред почетокот на куп натпреварот против Лејтон Ориент на загревање го испрати и Шарко, кој и покрај тоа што ги докажа своите голгетерски способности, не доби шанса да заигра на натпреварот кој Евертон го доби со 5:0.

Ниту Ван Перси не му помогна на Манчестер Јунајтед

Своето деби за Манчестер Јунајтед го имаа новите засилувања Робин ван Перси и Шинџи Кагава, но тие овој натпревар нема да го паметат по добро. Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Евертон во првото коло од англиската Премиер лига.

Тони дава гол, ние правиме инвазија

Навидум обичен пријателски натпревар помеѓу Евертон и АЕК, се претвори во вистински спектакл. Беа постигнати пет голови, но последниот гол ги натера навививачите да направат инвазија на теренот. Тоа беше првиот гол на клупската легенда Тони Хиберт.

Стивен Џерард е главен во Ливерпул

Стивен Џерард му ги дувна свеќичките од тортата на славеникот Дејвид Мојс. Тренерот на Евертон ги одбележа десетте години како е на кормилото на овој тим, но јубилејот му го уништи капитенот на Ливерпул кој со хет-трик на својот 400. настап го реши големото градско дерби.