Жозе Мурињо најверојатно не може да си прости. Неговиот Челси во моментов е на 5-та позиција и по шест одиграни кола постигна седум гола, а ниту еден од нив не беше дело на напаѓачите. Една позиција над нив е Евертон во чии редови настапува позајмениот напаѓач кој на Мурињо не му беше потребен и кој до сега одигра само 95 минути и веќе постигна три гола.
Младиот Белгиец Ромелу Лукаку го привлече вниманието на фудбалската јавност со двата гола против Њукасл и им наби страв на противничките дефанзивци, но од 191 сантимереи високиот напаѓач се плашат и неговите соиграчи.
„Тој дефинитивно е крупен. Да бидам искрен, јас пробувам да бидам подалеку од него на тренинзите. Лукаку ги има сите потребни квалитети и сака да игра фудбал. На нас дефанзивците ни претстојат интересни денови на тренинзите.
„Не доби шанса во Челси и тоа му даде дополнителна мотивација. Лукаку е фантастично засилување за нас. Тој е одличен играч и ако остане во форма тогаш може да не искачи на повисоко ниво", изјави капитенот на Евертон, Фил Јагиелка.