На 20 години го скинал менискусот и ја завршил професионалната кариера фудбалер. Од тогаш почнал да учи за тренер и му станал помошник на Томас Тухел, најхипстерскиот тренер во Германија. Со 26 го одбива Баерн Минхен а на 28 години стана најмлад тренер на Бундеслигаш.
За бројките околу посетеноста на стадионите во водечките топ 5 лиги пишуваме секоја сезона. Излезе статистика за стартот на новата во која Италијанците повторно треба да размислат кај тераат, а Германците со помош на својата одлична политика спрема навивачите не го даваат тронот.
Управата на Херта Берлин забрзано работи на модернизација на клубот. Со цел да привлече нови гледачи носат розева и портокалова опрема, користат англиски јазик за слоганите и стануваат полигон за трендсетери што им смета на конзервативните ултраси.
Никој во Бундеслигата не го сака РБ Лајпциг. Тоа знаете. Но дали знаете дека овој тим собра 12 бода на првите шест меча сезонава а главен џокер на тимот е 19-годишниот Оливер Бурк чија асистенција го испровоцира првиот пораз на Борусија Дортмунд.
Синан Курт има 20 години и важи за најголемиот талент на германскиот фудбал, но другата страна од медалот покажува разгалено дете кое сака да се експонира. Поради тоа Баерн му ги спакувал куферите.
За младиот Осман Мане, дете на бегалци од Гамбија кое одлично игра фудбал пишувавме лани. Викендов Осман (19) го постигна победничкиот гол за Бремен против Баер Леверкузен. „Дали е ова реално. Мислам дека сонувам. Не можам да ја опишам радоста“, изјави Мане веднаш по мечот со Баер.
Поранешниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Кајзерслаутерн и новосадска Војводина се соочува со казна затвор од 10 до 15 години поради шверц на речиси 1 тон марихуана со камион.
Данецот беше дел од еден од најмладите состави на Арсенал. Немаше од кого да земе пример и со егоистичниот начин на живот ги тераше соиграчите, тренерите и газдите на клубовите да му ја покажуваат вратата. И со промашените шанси за гол секако.
Лајпциг годинава за прв стана Бундеслигаш, но со милионите кои ги има на располагање треба да смисли некоја стратегија како да им се наметне на другите екипи и да им докаже дека ќе биде фер играч. Бидејќи каде и да се појават, се соочуваат со протести. Никој не ги сака.
Викендов Дортмунд игра против Лапјциг на гости, а навивачите одлучија мечот да го следат на радио во својот град. Тие се големи борци против било какво корпоративно гледање фудбал и поради тоа го презират клубот на кој му забранија да прави шалови со нивното име, бои и грб.
Џонатан Хајмс кој ја загуби 14-годишната битка со ракот, бил еден од најверните навивачи на бундеслигашот Дармштад клуб кој сега реши да го преименува стадионот по него.
Масимилијано Алегри ќе оди на картата искуство во Лигата на шампионите ако се гледа по возраста на неговите избраници. Тој го има тимот со највозрасни играчи од топ 5 лигите кои ќе настапат во елитата оваа сезона.
Добро, јасно е дека август пред се ќе мине во знакот на Олимпијадата, ама за тие кои уживаат во спортски викенд со гледање фудбал, вртење билтен и следење резултати, треба да знаат што ги чека уште малку.
Додека по куќата им светело црвено снајперско светло, Ведад морал да ја смирува малечката исплашена сестра да не плаче за да не ги откријат кај се. Патот од Швајцарија и САД го носи во Франција, а на крајот фудбалските и човечки квалитети ги докажува во Германија.
Во историјата на човештвото многу предавници сакале да се вратат меѓу своите, но за тоа морале да изодат многу потежок и трнлив пат каков што сега го чека Марио Геце, некогашниот миленик на Дортмунд, па златна резерва во Баерн и сега најомразен лик на Вестфален.
Светската јавност со право се згрози од однесувањето на Јоаким Лев, актуелниот светски шампион со Германија и селектор на оваа репрезентација со која уште вечерва може да се пласира во осминафиналето на ЕП 2016.
Тренерот на Сент Паули, Едвард Линен не бил присутен за време на промоцијата на новиот фудбалер во клубот Марвин Дукч, така што управата викнала некој вработен на стадионот да стави маска со ликот на тренерот.
Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.
Само неколку часа откако објави дека ја завршува кариерата по крајот на сезонава, Лука Тони морал да се појави на суд во Минхен поради тоа што не плаќал данок кон црквата.