За време на доручекот во еден бразилски затвор избила побуна. Неколку чувари биле совладани и легнати на земја, а оние кои добро се однесувале со затворениците биле оставени на страна под услов да не се мешаат.
Во еден момент сите затвореници, освен неколку исклучоци го контролирале целиот затвор во Сао Пауло. Необично, не барале слобода, туку се бунеле за нормална здравствена заштита и исхрана.
Покрај тоа затворениците имале проблем со сместувањето, затоа што во простор предвиден за 900 луѓе имало повеќе од 1.100 затвореници. Поделени, кланови, закани, мачење, силувања биле заштитен знак на овој озлогласен затвор. Но земање заложници, отсекување глава на двајца луѓе за два дена и преговори со полицијата било нешто ново во Бразил.
Денес во тој затвор лежи и поранешниот стопер на Борусија Менхенгладбах и Кајзерслаутерн, Марсело Плеч (40). Бразилецот го уапсиле во ноември 2015. година, недалеку од родниот град Толедо во државата Парана.
Облечен во чиста бела свечена кошула на автопатот BR-467 Плеч возел кампион под чиј кров криеле 854 пакети марихуана со вкупна тежина од 793,3 килограми.
Како толкава количина наркотици се нашла кај поранешниот фудбал - уште е нејасно. Како стапил во контакт со бизнисот е мистерија. Полицијата добила анонимна порака за превоз на марихуана и на лице место ги фатила Плеч со двајцата соработници Леандро (39) и Самир (33).
Според верзијата на истрагата, Марсело Плеч, познат во Бразил и како Марсело Туро бил лидер на групата. Поради тоа му се заканува казна затвор од 10 до 15 години.
„Ако тоа е вистина, јас сум без зборови. Не сум разговарал со него околу три ипол години. Пред 4-5 години дојде во нашиот град на гости со жената и децата. И сега оддеднаш оваа вест“, шокиран изјавил Оливер Нојвил, поранешен соиграч на Плеч од Леверкузен.
„Исркено многу се исплашив. Марсело рано почна да размислува за својата иднина, едно време се занимаваше со свињи, одгледуваше дури и живинарски фарми. Секогаш беше добро настроен“, се сеќава поранешниот голман на Менхенгладбах, Уве Кампс.
Плеч отсекогаш бил тврдоглав, непоколеблив дефанзивец, силен и широк како плакар. Поради тоа во екипата го викале IKEA. Во една прилика скоро му ја прекинал кариерата на напаѓачот на Вердер, Маркус Даун кого сериозно го повредил.
Од 1999. до 2005. Плеч одиграл 142 натпревари за Гладбах во првата и втората германска Бундеслига. Заминал после конфликтот со управата на клубот. Спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Кристијан Хочштатер наводно еднаш го слушнал Бразилецот како ги договарал соиграчите за изгубат 4:0 за управата да го избрка спортскиот директор.
Брзо Плеч бил виновен за два гола и го избркале од клубот. Како одговор тој ја нарекол Борусија Менхенгладбах „посран клуб“.
„Денес од оваа перспектрива знам дека претерав. Мислам дека беше нужно некој да го протресе тимот, да ја преземе лидерската улога. Никој од нашите играчи немаше доволни квалитети за Бундеслигата, а спортскиот директор носеше одговорност за тоа. Немавме доволно луѓе, мажи“, раскажал Плеч шест години подоцна.
Во тој момент Марсело веќе имал двојно државјанство: германски пасош му издале поради потеклото на прадедо му кој живеел во југо-западна Германија, во Пфалц. По Борусија, Бразилецот заигра во Кајзерслаутерн, а една година подоцна тргна во патешествие по Европа: Прво Грција (Паниониос), па Кипар (Омонија) и на крајот Србија (Војводина).
Во 2011. година се вратил во Бразил каде тивко ја завршил кариерата во скромниот тим Каскавел. На оваа екипа и помагал и поранешниот фудбалер на Барселона и Челси Жулиано Белети.
„Бевме речиси како Хофенхајм - мал тим кој можеше да даде пристојни плати за сите играчи од цел Бразил. Мое хоби беше живинарската фарма. Играв фудбал само од забава, а потоа гледав Бундеслига на телевизија. Добро сум“, раскажал Плеч на германските новинари.
Ова уверение звучело цврсто во 2012. година. После три и пол години Плеч седел во камион полн со марихуана а во близина на границата со Парагвај паднал во раце на полицијата. Пак ќе може да каже ’Добро сум’ за едно 10 години.