Синан Курт е роден на 23 јули 1996 година. Летово наполни 20 години а веќе е член на младинската селекција на Германија и важи за редок талент.
Како што често е случај, големите таленти имаат и непредвидлив карактер. Постојат многу начини кои ги користат да бидат познати и славни, како на теренот така и во приватен живот.
Синан Курт игра за Херта Берлин, а веќе зад себе има неколку епизоди поради кој Баерн Минхен во јануари годинава му ја покажал вратата.
Управата на Баварците, во консултација со Пеп Гвардиола решила да го продаде во Берлин. Причина за тоа било дека дознале како малиот Синан изнајмил хеликоптер од Кан до Сен Тропе и потрошил 19.000 евра за пат од 75 километри. Во меѓувреме Синан имал проблеми и со судот: Пратил слика на која е разголен на некоја малолетничка која го пријавила во полиција.
Сезонава одиграл само една минута во првите 7 кола од Бундеслигата. И покрај тоа го сметаат за еден од најголемите таленти на германскиот фудбал. Проблемот со него е само што уште бил незрел, како на теренот така и во приватниот живот.
Како што пренесуваат берлинските медиуми, родителите на девојчето на кое и праќал неприкалдни фотографии решиле да го тужат, а случајот е затворен во неколку часа: Судот му наложил на Курт да и плати на девојката 20.000 евра отшета што е една негова месечна плата во Херта.
Неговиот адвокат пробал да го извади: „Синан е казнет без да биде сослушан. Тој негира дека праќал такви фотографии. Ќе се брани на секој начин затоа што не е виновен“.
Херта во меѓувреме објави дека е запознаена со случајот, но дека нема да коментира ништо додека трае процесот. А само да сетат дека пред две години Баерн решил да даде 3 милиони евра за да го земе како 18-годишен од Менхенгладбах. Од тој момент Синан „се прославил“ само со проблеми надвор а не и на теренот.