Рус пред неколку дена дознал дека има тумор, откако паднал на рутински допинг тест во Бундеслигата. На 30. април Рус правел урино-тест и му утврдиле зголемен хормон на раст (HCG), поради што му препорачале да направи медицински преглед на кој востановиле дека има тумор.
Со оглед на тоа што во Германије допингот е кривично дело, полицијата веднаш дошла во домот на Рус и го пребарала, како и неговиот плакар во тренинг центарот на Ајнтрахт и хотелската соба.
На крајот е констатирано дека туморот е причина за зголемената концентрација на HCG во телото на фудбалерот, по што тој можеше да игра во четвртокот вечерта на најважниот меч на сезоната за Ајнтрахт кој се бори со Нирнберг за опстанок во лигата.
Рус има 30 години, а речиси целата професионална кариера ја мина во Франкфурт. Играше две сезони за Волфсбург од 2011 до 2013 година. Првиот дуел од двомечот Ајнтрахт - Нирнберг заврши 1:1. Домаќините имаа целосен посед на топка, преку 20 шута, а гостите поведоа преку автоголот токму на Рус.
Капитенот во вториот дел добил жолт картон, 10-ти сезонава поради што ќе мора да го пропушти реваншот во понеделник кога ќе се дознае кој од Нирнберг и Ајнтрахт Франкфурт следната сезона ќе игра во Бундеслигата.