Минатата сабота Баерн со 3-1 го победи Шалке во Бундеслигата. После триумфот, бекот Јозуа Кимих дошол до трибините за да му го подари дресот на едно детенце кое цел меч стоело со парола за Кимих да му го подари дресот. Ама во целата бајка се уфрла и еден дибек.
По цели 7 години од последната титула во Бундеслигата (2011/12), Борусија Дортмунд е на добар пат да се радува на „салатарата“ и да стане шампион на Германија. По 20 одиграни кола, „милионерите“ имаат 15 победи, 4 нерешени и 1 пораз и со 49 се први на табелата. Меѓу најзаслужните за одличната сезона на Дортмунд е швајцарскиот голман Роман Бурки.
Минатото коло во Бундеслига падна можеби најтикитака голот на сезоната. Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го нокаутираа Шалке на гости во последните пет минути. На вториот гол кој во 90’ минута го постигна Флоријан Нојхас му претходеше 61 додавање.
Чудесниот талент Кристијан Пулишиќ кој игра за репрезентацијата на САД и неодамна потпиша договор со Челси (ќе оди на лето), го потегна бранот на кој еден куп млади таленти од Америка доаѓаат на усовршување во Германија.
Со голем бод од гостувањето кај Хофенхајм, Мајнц ги израдува своите навивачи кои во голем број допатуваа на ова гостување и на крај го згрмеа хитот за овој период од годината.
Админите на Рома важат за едни од поинтересните твитерџии во светот на фудбалот. А ништо послаби не се ниту оние на Баер Леверкузен кои често ортачки настапуваат со Италијанциве. Синоќа Баер изгуби 2-1 од Ајнтрахт Франкфурт па админите на Лајпциг од нигде-никаде решија да ги пецнат „Аспиринџиите“ кои имаа спремен одговор.
Славниот германски гигант првпат ја почуствувал власта пред половина век, кога хрватскиот тренер Бранко Зебец ги водел Франц Бекенбауер, Милер и останатите легенди на баварскиот клуб. Но страста за чашката му била поголема од страста за фудбалот.
Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.
Иако фудбалерите на Вердер беа во добра серија на резултати, а Леверкузен гостуваше во Бремен по тешкиот пораз од Цирих во Лига Европа, „аспиринџиите“ им одржаа час по фудбал на домаќините и ги прегазија со 2:6. Два гола во сопствена мрежа си даде бекот Себастијан Лангкамп.
После четири очајни натпревари по ред Баерн Минхен оправдано се нашол на удар на новинарите кои напишале неколку критички осврти: чисто, јасно и концизно. Но од улица Зебенер стигнаа отровни стрели и жесток удар на слободата на говор.
Норберт Елгерт е тренер на младинците на Шалке и човек од кого за фудбалот и општо за животот научиле многу фудбалски ѕвезди меѓу кои Месут Озил, Мануел Ноер, Лирој Сане, Сеад Колашинац, Јулијан Дракслер.
Го држеа на клупа со месеци и Алкасер не можел веќе да издржи затоа што без играчко време не бил среќен па решил да замине од „Камп Ноу“. Се испостави дека одлуката да потпише со Дортмунд беше неверојатна затоа што Пако руши рекорди во Германија.
Гледач на мечот Дизелдорф - Шалке тргнал на полувремето да купи пиво и се вратил не со едно туку со осум и плус вурц сендвич во рака. Носи дрес од Црвена звезда.
Џејдон Санчо е најдобриот асистент за голови во најдобрите 5 европски лиги и најефективниот играч во Бундеслига во моментов. Што е поинтересно, Џејдон од почетокот на сезоната ниту еднаш не заиграл во стартниот состав во Бундеслигата.
Ралф Рањик, главниот тренер на РБ Лајпциг кој годинава ќе игра во Лига Европа, сфатил дека класичните казни никако не влијаат на играчите и просто се решил за други методи на казнување.
Најдобрите топ 5 лиги во Европа, а и други, решија да користат ВАР (видео-повторување на спорните моменти), само Англичаните и УЕФА за Лига на шампиони и Лига Европа одбија да го употребуваат системот кој докажано ја подобрил играта.
Ако заклучиме дека пред едно 15 дена заврши Светското, а за помалку од 15 дена стартува новата сезона во дел од првенствата кои ги следите, тогаш и не е дека во лето е тапа со фудбал.
Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.
Степи, како што го викаат германските медиуми, имал богата играчка и тренерска кариера. Најголем белег оставил во германскиот фудбал каде важи за еден од основоположниците на тренерската школа.