Затоа Ралф во тренинг базата донел тркало кое се врти и коешто ја определува судбината на играчите односно нивната казна.
На фудбалерите може да им се падне: работа во клупската продавница, служење ручек за цела екипа, да работат како водачи на посетителите на стадионот и клубот, да ја косат тревата на теренот, да купуваат подароци за персоналот во клупската база и да тренираат во балетско фустанче.
„Паричните казни ретко го постигнуваат правиот ефект. Најголема казна за играчите е кога ќе им одземете слободно време. Верувајте дека е така. На пример да работат неколку часа во клупскиот фан шоп.
Откако станав тренер сменив многу работи во клубот. Сега имаме фиксно време на доручек, забрана за користење на мобилни телефони и лап-топови, а секој има и свое место на маса. Во базата може да разговараат исклучиво на германски или англиски јазик.
Овие работи ќе ни помогнат да бидеме успешни“, вели Ралф Рањик во интервју за германски BILD.
Но овие методи уште не донеле резултати, напротив, Лајпциг во првите две кола од новата сезона во Бундеслига има еден пораз и едно реми со гол разлика 2:5.
Легендарниот Рањик стана тренер на РБ Лајпциг во мај годинава откако пет години работеше како спортски директор во истиов клуб. Рањик ќе ја одработи сезонава и после него тренер на РБ Лајпциг ќе стане Јулијан Нагелсман а Ралф веројатно ќе се врати на должноста спортски директор.